10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави - Part 2

10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави

6. Балсамите за усни го спречуваат сушењето

10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави

Употребата на балсами за усни е навистина преценета. Некои експерти дури се убедени дека тие се целосно бескорисни. Имено, со нанесувањето на балсамот, вие го потиснувате природниот механизам на обновување на кожата, бидејќи балсамот го спречува отстранувањето на мртвите кожни клетки. Исто така, користењето балсам често станува навика, а многу жени ги лижат нивните усни кога имаат нешто на нив, што предизвикува дополнително сушење.

Подобра алтернатива се капсули со витамин Е. Едноставно, втријте го маслото од нив на усните наутро и навечер.

7. Борбата со целулит се бескрајни масажи и обвивки на телото

10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави

Речиси сите жени се загрижени за целулитот – нешто што им овозможува на производителите на продукти за убавина да заработат многу пари. Но причината за ова е тоа што малку луѓе знаат што било за кремите и нивната употреба.

Користењето антицелулитна крема треба да биде според вашиот менструален циклус. Во првата фаза, по започнувањето на менструацијата (12-14 денови), можете да употребувате продукти што согоруваат масти. На пример, можете да направите обвивка со кафе или антицелулитна масажа. Во втората фаза, после овулацијата, нивото на прогестеронот се зголемува. Ова предизвикува задржување на водата и ја поедноставува синтезата на масти. Во овој период би требало да користите продукти што ја намалуваат подуеноста.

8. Треба да спиете со тенко ќебе бидејќи студот е добар за здравјето

10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави

Всушност, многу подобро е да спиете под тешко ќебе. Американските истражувачи откриле дека ова им помага на луѓето полесно да заспијат. Причината е што длабокиот притисок го опушта телото и го поттикнува лачењето на серотонин и допамин.

Според некои истражувања, тешкото ќебе го намалува ризикот од депресија, помага во борбата со несоница и е одлично за луѓето со аутизам, анксиозност и стрес. Сепак, овој метод не значи дека ќе ги решите психолошките проблеми без помош од професионалец.

9. Кремите за лице не треба да се нанесуваат на студено време

10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави

Се верува дека користењето креми на студено време е ужасна идеја бидејќи водата во продуктот ќе замрзне и ќе предизвика шета. Поради ова, во зима купуваме посебни „зимски“ креми и масла. Но ова е само залудно трошење на пари.

Се разбира, не би требало да излегувате со влажно лице на ниски температури биејќи можете да ја дехидрирате кожата. Но слободно користете креми за навлажнување, дури и ако се 50% до 80% вода. Водата во кремата нема да замрзне бидејќи вашата кожа ја загрева. Најдобро е да користите погусти креми во студените денови, а потоа нанесете и пудра што ќе го заштити лицето од ниските температури.

10. Термалната вода ја хидрира кожата

10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави

Според многу реклами, термалната вода е важен дел од негата за лице. Но изгледа дека и овој едноставен спреј треба да го употребувате правилно. Доколку само нанесете термална вода на лицето, ќе ја дехидрирате вашата кожа – водата ќе испари заедно со влажноста на кожата. Користењето термална вода на плажа е уште полошо бидејќи УВ зраците ќе имаат поголемо влијание на кожата.

За правилно да ја навлажнете кожата, нанесете малку од водата на лицето, масирајте додека да се апсорбира, а потоа нанесете крема. Исто така можете да ја нанесете водата и после кремата со масирање.

Погледнете и кои се бескорисните продукти за убавина за кои не би требало да трошите пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар