10 митови за убавина што ве прават посиромашни наместо поубави
Жените трошат илјадници евра во текот на својот живот за продукти за убавина. А овде не спаѓаат маникирите, педикирите и салоните за убавина. Производителите на продукти за убавина прават сè што можат за да заработат повеќе, па нема да ве изненади кога ќе дознаете дека мнозинството продукти за убавина, воопшто не ви се ни потребни. Во продолжение погледнете ги 10-те митови во кои треба да престанете да верувате.
1. Инјекциите за убавина треба да ги употребувате помлади за да ги спречите брчките
Според некои козметичари, овој нездрав тренд им помага на салоните за убавина да заработат пари користејќи го стравот на клиентите кои не сакаат брчки. Инјекциите за убавина само ја прават кожата поранлива. Всушност, телото на здрава жена има доволно хијалуронска киселина да го одржи здравиот изгледа на кожата, а намалувањето на оваа киселина започнува дури на 60 години.
Исто така, доколку нема навистина добра причина да инјектирате ботокс, како на пример, многу длабоки брчки, не правете го тоа. Проблемот е што колку сте помлади, толку повеќе антитела создава организмот против ботоксот. Ова значи дека се зголемува отпорноста на ботокс, па ефикасноста на секоја наредна инјекција се намалува. Сепак, после 40-тата година антителата не се произведуваат со истата брзина, па ефектот од инјекциите ќе трае подолго. Ова важи само доколку личноста не примала инјекции во младоста.
2. Органските продукти за убавина се подобри од обичните
Денес екстремно се популарни органските продукти за убавина, но на никој не му е јасно кога може да се сметаат за органски, а кога не. Постојат неколку критериуми – барем 90% од состојките треба да бидат органски, добиени со процес на екстракција, а сировите материјали би требало да бидат одгледувани во чисти полиња кои ги имаат сите сертификати. Но многу често производителите на овие продукти толку многу се фокусираат на условите, што забораваат на ефективноста на самиот продукт. Па, и денес постои прашањето дали овие продукти се ефективни или не.
Покрај тоа, органските продукти не се способни да се справат со сите наши проблеми. На пример, неорганските продукти за убавина подобро се справуваат со пигментацијата и брчките, па дури и подобро ја навлажнуваат кожата.
3. Потењето треба да биде спречено со антиперспиранти
Потењето му помага на нашето тело да ги отстрани токсините и да ја контролира телесната температура. Ова е нешто што го знаат сите. Но поради некоја причина, фактот дека потењето е важна функција на телото често се игнорира. Всушност, навистина е опасно да го ограничите потењето.
Антиперспирантите го ограничуваат потењето така што ги блокираат лојните жлезди. Очигледно, ова не може да направи никакво добро. Нашата постојана употреба на антиперспиранти може да предизвика големи проблеми. Па, најдобро би било да ги користите овие продукти 2-3 пати неделно и да ги отстранувате пред спиење. Најдобрата опција е да купите неагресивни дезодоранси со безбедни состојки. На пример, одберете средство од природни минерални соли што го спречува размножувањето на бактерии и непријатната миризба.
4. Азиските продукти за убавина се поквалитетни од европските
Корејските и азиските продукти за убавина станаа навистина популарни, и до некаде го заслужуваат ова. Но важно е да знаете дека иако тие имаат одлични избелувачки и навлажнувачки ефекти, сепак се направени според кожните проблеми на локалните жени.
За класичните европски проблеми, како брчки во младоста, акни и слично, корејската козметика не е подобра. Брчките се појавуваат многу подоцна кај жените од Кореја. Исто така климата и менталитетот на државата се поразлични – азиските жени се посистематски кога станува збор за негата на нивната кожа.
5. Масажата е само за релаксација
Малкумина ја гледаат поврзаноста помеѓу брчките и грчевите во вратот. Но сите човечки мускули се поврзани – доколку некои мускули се стегнат, други ќе се опуштат, и обратно. Па, ако добар експерт работи на еден дел од телото, можно е да се поправи сосема друга област.
На пример, доколку често се мрштите, голема е веројатноста мускулите на вашата брада да се опуштат. Мускулите на лицето се директно поврзани со мускулите на грбот и вратот, па доколку ги масирате овие мускули, формата на лицето може да биде малку променета. Релаксирањето на мускулите е првиот чекор, а следно е нивното зајакнување. Фитнесот за лице со добар козметичар е нешто што секоја жена би требало барем да го проба.
Продолжува на следната страница…