10 митови за давање прва помош што сериозно можат да ви го нарушат здравјето
Во итни случаи, првото нешто што ни паѓа на памет се советите од нашите пријатели и семејство. Меѓутоа, најпопуларните препораки можат да доведат до сериозни последици. Прочитајте ги следниве 10 најчести митови за пружање прва помош за да знаете што не треба да правите кога некому му треба помош…
1. Ставање мраз на модрица
Зошто е ова погрешно? Мразот навистина помага да се намалат модриците, но не го нанесувајте директно на кожата, бидејќи ќе добиете ладна изгореница.
Како да постапите правилно? Ставете некаков материјал помеѓу кожата и мразот. Држете го така 20 минути, потоа отстранете го мразот и почекајте уште 20 минути. Повторете го ова неколку пати.
2. Нанесување алкохол или оцет на луѓе со висока температура
Зошто е ова погрешно? Крвта ги апсорбира оцетот и алкохолот. Триењето со алкохол може да доведе до труење, а оцетот може да ја зголеми количината на киселини во организмот. Ова е посебно опасно кога се работи за деца.
Како да постапите правилно? Температурата може да се намали со пиење многу течности и ладен воздух во просторијата (од 16 до 19 степени Целзиусови). Ако се исполнат овие услови, на пациентот ќе му се намали температурата сама по себе доколку не е премногу висока.
3. Подигнување онесвестен човек
Зошто е ова погрешно? Ако некој се онесвести, немојте да го подигнувате или да го прскате со ладна вода, тоа само ќе го влоши грчот. Откако ќе му се врати свеста, немојте да му дадете да пие кафе или енергетски пијалок. Кофеинот ќе доведе до дехидрација.
Како да постапите правилно? Подигнете ги нозете на човекот, откопчајте ги тесните парчиња облека и не му дозволувајте веднаш да стане откако ќе му се врати свеста.
4. Користење путер или кисело млеко за изгореници
Зошто е ова погрешно? Ќе се чувствувате подобро после ова само поради ладната супстанца на изгореницата. Проблемот тука е тоа што путерот и киселото млеко создаваат обвивка што ја нарушува топлинската размена (топлината оди подлабоко и предизвикува поголема штета).
Како да постапите правилно? Држете го изгореното место во ладна вода 15 минути. Никогаш не го пукајте пликот од изгореницата, бидејќи на тој начин ќе го отстраните заштитниот слој и ќе ја оставите раната отворена што може да доведе до инфекции и гноење.
5. Самостојно местење коски
Зошто е ова погрешно? Не треба сами да местите изместен зглоб, бидејќи така може да си нанесете дополнителни повреди.
Како да постапите правилно? Имобилизирајте го повредениот екстремитет и однесете го повредениот во болница. Скршеницата не смее да се мести присилно. Наместо тоа, завиткајте ја со завој во удобна позиција и имобилизирајте го не само местото кај скршеницата туку и двата најблиски зглобови.
Продолжете на следната страница за останатите митови…