10 мисли што на сите младоженци им поминуваат низ глава пред свадбата

10 мисли што на сите младоженци им поминуваат низ глава пред свадбата

Нервозата пред свадба е многу честа појава. Целиот тој процес е возбудлив, но и по малку страшен. Анксиозноста предизвикува еден куп нерационални и негативни мисли, но сите тие исчезнуваат кога младоженецот ќе ја види невестата облечена во венчаница. Па, како размислуваат младоженците пред да се венчаат? Ова се 10-те мисли што им поминуваат низ глава…

10 мисли што на сите младоженци им поминуваат низ глава пред свадбата

1. „Ќе се женам!“ Тие се пред сѐ возбудени што ќе се венчаат со љубовта на нивниот живот, нивната најдобра пријателка и партнерка.

2. „Немој да се расплачеш!“ Постојат 50-50 шанси дека младоженецот ќе се расплаче на венчавката. Дури и најмажествените мажи се разнежуваат. Но, секако, тие ќе дадат сѐ од себе за да останат прибрани и да не пуштат ни солза. Или пак, ќе се „убијат“ од плачење пред да се појават гостите, за да ги исплакаат сите солзи.

3. „Треба да си ја избричам главата!“ Во еден момент, тој ќе сфати дека фотографиите од овој ден ќе бидат врамени во најскапите рамки и тој ќе мора да ги гледа секогаш кога ќе седи во дневната соба или кога ќе поминува низ ходникот. Можеби ќе си гледа телевизија и одеднаш ќе забележи дека косата не му е како што треба. Задача на кумот е да разговара со него доколку има потреба од промени во стилот, бидејќи вие нема да бидете со него.

4. „Треба да мочам.“ Младоженците ќе се измократ повеќе пати за да се погрижат дека не останало ништо. Да бидеме реални, тие навистина имаат голем број обврски за време на венчавката! Треба да се појават, да кажат „Да“ и да не се измочаат пред сите. Многу е важно да одат во тоалет пред сето тоа. А ако одењето во тоалет е добро, одењето во тоалет 8 пати е уште подобро.

5. „Дали се премислувам?“ Можно е да му се појават одредени сомнежи, но можно е и да е навистина многу нервозен, па да мисли дека му се појавиле сомнежи. И двата случаи се сосема нормални, сѐ додека тој се појави, а не побегне.

10 мисли што на сите младоженци им поминуваат низ глава пред свадбата

6. „Само уште една пијачка за да си ги смирам нервите.“ Нормално е да се помисли после првиот пијалок. Но, не е во ред ако размислуваат за оваа опција по четвртиот пијалок, а да се надеваме дека не постои младоженец кој го преминал деветтиот.

7. „Треба да пијам и да мочам повеќе.“ Младоженците заглавуваат во маѓепсан круг на пиење за да останат смирени и мокрење за да се осигураат дека нема да им се приоди во тоалет за време на венчавката.

8. „Што ако таа не се појави?“ Што ако некој ја киднапира? Покрај тоа што младоженците се грижат за своите проблеми, тие се исто така загрижени и за работите низ кои минуваат невестите. Секакви нелогични мисли им минуваат низ глава и ништо нема смисла во тој момент.

9. „Аха, значи затоа ни требале толку цвеќиња…“ Младоженците ќе дознаат за многу работи на кои се согласиле без размислување за време на подготовките на свадбата. Тие дури и ќе сфатат дека навистина сте биле во право што сте нарачале толку цвеќиња.

10. „Како ли ќе изгледа?“ Дури и да не сте од оние традиционални парови што ја почитуваат традицијата и веруваат дека младоженецот не смее да ја види венчаницата пред свадба, тој сепак ве нема видено целосно подготвени, со шминка и фризура. Сите младоженци се прашуваат како ќе изгледа нивната сакана на овој голем ден и со нетрпение чекаат да ја видат.

Во продолжение прочитајте што никако не смеете да правите на свадба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар