10-минутна вежба која ќе го подобри лошото држење на телото

10-минутна вежба која ќе го подобри лошото држење на телото

Лошото држење на телото не е убава глетка и со тек на време може да започне да ве исцрпува. Овие денови, неправилното држење на телото станува сѐ полошо и полошо и младите не водат толку сметка за нивното физичко здравје. Прекумерната тежина, постојаното седење, стресот и зависноста од Интернетот и статичните работи се едни од главните причинители за лошото телесно држење. Но, за среќа постои начин да се реши овој проблем со помош на едноставна и брза вежба.

10-минутна вежба која ќе го подобри лошото држење на телото

Легнете на вашиот стомак, со вашето лице свртено кон подот. Полека подигнете го предниот дел од телото, со главата нагоре, колку што можете повисоко, сѐ додека ви е удобно. Немојте да се форсирате. Држете ги рацете покрај страните и ставете ги дланките на вашите колкови. Правете ја вежбата 10 минути. На овој начин, успешно ќе се ослободите од напнатоста и тензијата која се чувствува во мускулите на грбот и нозете.

За почеток, 10 пати се доволни. Повторувајте ја оваа вежба секојдневно и постепено додавајте минути. Со тек на време, вашиот грб ќе се зацврсти и ќе се исправи и конечно ќе можете да му речете збогум на лошото држење на телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар