10 мали знаци кои покажуваат дека сте центар на неговиот свет
Жените сакаат внимание, љубовни изјави и добивање подароци. Но, од сите овие нешта уште помили им се ситните знаци на внимание кои најчесто мажите несвесно им ги подаруваат, а преку нив и им ги откриваат своите најдлабоки чувства. Погледнете ги следниве гестови преку кои мажите откриваат колку навистина ја обожаваат својата партнерка…
1. Краток бакнеж во чело или усни пред излегување на работа. Прекрасно е чувството да се знае дека дури и покрај утринското брзање, тој сепак не може ни да го замисли почетокот на неговиот ден без вашиот бакнеж.
2. Уредно ја вади облеката од машината за алишта за вие да не мора премногу време да губите на пеглање. Тој непрекинато мисли како да ви го олесни секојдневието, со цел да имате повеќе слободно време за него.
3. Секогаш ве покрива додека спиете. Мажите се одличен „извор на топлина“ за време на студените ноќи, но доколку тој се разбуди во текот на вечерта и забележи дека сте се откриле, без размислување нежно ќе го префрли ќебето преку вашите рамена.
4. Тој не се срами да го користи вашиот сладок прекар и во јавноста. Го обожава вашето име, но уште повеќе му се допаѓа слаткиот прекар кој тој ви го смислил и токму затоа и не се срами да го користи во јавноста. Токму овој прекар е она што ве прави негова.
5. Држење за раце. Без разлика дали поминувате низ густа гужва, уживате во опуштена прошетка или пак, едноставно гледате филм, тој обожава да ја дели физичката блискост со вас и во вашиот дом и во јавноста.
6. Ви се јавува или ви пишува пораки за време на работното време. На овој начин тој јасно ви дава до знаење дека вие постојано сте во неговите мисли и дека понекогаш, доволно е само да ви го слушне вашиот глас со цел денот да му тргне на подобро.
7. Обожава да ве изненади со романтична вечера. Дури и ако станува збор за брза храна, тој знае дека доволна е само една обична свеќа со цел да направи подобра атмосфера за вашиот заеднички оброк.
8. Запишува важни детали. Никој нема совршено помнење, па токму затоа тој ги има запишано најважните датуми поврзани со вас и вашата врска со цел никогаш да не ги заборави.
9. Сака да ги прослави дури и најмалите постигнувања во вашиот живот. Вие можеби не сте истрчале маратон, но запишувањето на тренинг за трчање за него е настан кој подеднакво силно заслужува отворање шише шампањ.
10. Сака да започнува реченици со зборовите: „Се сеќаваш ли кога бевме…?“ На овој начин ви покажува дека не само што ги памти овие прекрасни заеднички ситуации од вашата врска, туку и дека сака да се потсетува на нив.