10 мали работи што тој секогаш ги забележува кај вас
Општото мислење е дека мажите немаат око за детали и вообичаено од нив не се очекува да забележат дека сте ја промениле фризурата, дека сте купиле нови фармерки или дека сте биле на маникир. Да, точно е дека не разликуваат сина боја од тиркизна, меѓутоа верувале или не тие сепак забележуваат некои мали работи кај вас.
1. Кога многу ќе ја скратите косата
Мажите можеби навистина нема да забележат дека сте биле на фризер и сте ја скратиле косата еден сантиметар, но дефинитивно ќе забележат ако се работи за подрастична промена. Ако косата ви била долга, а сега ви е кратка или одеднаш станала виткана и зелена, сигурно дека тоа ќе им падне во очи.
2. Кога се преправате дека сè уште спиете и божем случајно му се втурнувате во прегратка
Зошто да се преправате? И мажите сакаат малку гушкање рано наутро.
3. Начинот на кој се смешкате кога се преправате дека сте изнервирани
Партнерот ви кажал некоја крајно безобразна и шовинистичка шега која ви била смешна, но сепак сакате да го зачувате своето женско достоинство, па глумите лути и изнервирани. Едноставно признајте дека ви било смешно, никој нема да ви замери.
4. Кога не носите градник
Не мора ни да видат дека не носите градник, едноставно чувствуваат дека е така. Како да имаат шесто сетило.
5. Начинот на кој го гледате кога мислите дека направил нешто многу слатко
Не е тоа само поглед со кој му го одобрувате она што го прави. Со тој поглед сакате да му кажете и „еве зошто толку те сакам“. Мажите го обожаваат овој поглед кој кажува сè.
6. Кога ќе купите нова долна облека
Можеби не го знае секое парче облека што го поседувате, но бидете сигурни дека многу добро ја знае вашата долна облека. Посебен печат во меморијата му оставаат оние градници кои страшно тешко се откопчуваат.
7. Кога ќе се сетите на ситниците кои ги споделил со вас
Мажите обожаваат кога обрнувате внимание на случките што ви ги раскажува. Ним многу им значи фактот што го памтите нивниот омилен филм или тоа што точно знаете кога и како ја добиле незабележливата лузна на коленото.
8. Кога ќе почувствувате дека имале лош ден
Мажите најмногу од сè сакаат кога ќе почувствувате дека имале лош ден и ќе разберете дека не сакаат да разговараат за тоа. Ова е знак за добра врска, особено ако не пробате да ги исмејувате и едноставно прифатите дека се вознемирени. Во овој момент тие не сакаат да ги решаваат нивните животни дилеми и стравови, туку едноставно сакаат да ги насмеете и развеселите.
9. Кога отворено ќе им кажете што ви пречи
Мажите не сакаат да мораат да ви ги читаат мислите секој ден и да ве гледаат како се муртите без да имаат поим зошто е тоа така. Тие се секогаш многу директни и затоа пробајте и вие отворено да разговарате со нив и да ги искажете вашите чувства. Ќе се изненадите од тоа колку добро ќе ве разберат.
10. Начинот на кој вашата рака секогаш ја наоѓа нивната кога се шетате
И начинот на кој дланките толку добро се вклопуваат во една нераскинлива целина…