10 мали работи кои вашиот партнер ги прави за да ви покаже дека тој е вистинскиот

10 мали работи кои вашиот партнер ги прави за да ви покаже дека тој е вистинскиот

Кога ќе го сретнете „вистинскиот“, ќе се чувствувате како никогаш досега. Ќе имате чувство дека сте на вистинското место во вистинското време. Ќе бидете преплавени со среќа и со чувство дека сè е во ред. Ќе знаете дека повеќе нема потреба да ја барате вашата сродна душа.

10-mali-raboti-koi-vashiot-partner-gi-pravi-za-da-vi-pokazhe-deka-toj-e-vistinskiot-kafepauza.mk

Но што ако сакате некој цврст доказ? Кои се малите знаци кои покажуваат дека оваа личност е вистинската за вас? Иако нема научен пристап до овој проблем, постојат неколку заеднички знаци кои укажуваат на романса која ќе трае. Ако вашиот партнер прави барем едно нешто од оваа листа, можеби сте го нашле вистинскиот.

1. Тој прифаќа колку сте чудни (а понекогаш и ви се придружува)

Совршеното момче само ќе додава на чудните работи кои ги правите и ќе прави да се чувствувате прифатено. Вистинскиот ќе биде отворен кон сите интересни лудувања од ваша страна, а ќе почне да ви покажува дека и тој може да биде луд.

2. Секогаш е овде да ве расположи

Без разлика со каков проблем се соочувате, вистинскиот секогаш ќе биде вашата поддршка.

3. Ќе сака да биде со вас исто толку колку што и вие сакате да бидете со него

Во некои врски сигурно имате забележано дека рамнотежата во желбите за поминување време заедно, никогаш не била во ред. Но, кога ќе се најдете во вистинската врска, рамнотежата е многу лесна за наоѓање. Вистинскиот нема да ве тера да го бркате за да поминете време со него или за внимание. Всушност, тој ќе биде со вас толку колку што и вие сакате да бидете со него.

4. Никогаш нема да чува тајни

Вистинскиот ќе сака сè да споделува со вас и ќе избегнува да крие работи. Иако нема некоја потреба да се знае сè, во врската со вистинскиот сепак ќе знаете сè еден за друг: Доброто, лошото, па дури и непотребното.

5. Секогаш ќе уживате во кревет

Секој пат.

6. Ќе ги разбере вашите потреби и желби, иако ни вие не секогаш ги разбирате

Вистинскиот ќе разбере дека понекогаш едноставно не знаете што чувствувате. За среќа, тој ќе биде овде дури и кога работите ќе станат збунувачки. Вашиот партнер ќе разбере што сакате, дури и кога вие самите не знаете што е тоа.

7. Нема да може да се засити од вас, без разлика како изгледате

Ако вашиот партнер постојано ве гледа, дури и кога правите најобични работи, како миење садови, сте го пронашле вистинскиот. Тој ќе биде „навлечен“ на вас, и тоа постојано, не само кога изгледате беспрекорно.

8. Секогаш ќе ви се обраќа за совет

Ако вашиот партнер ве замоли да му помогнете за некоја голема одлука во животот, тоа е добар знак. Барањето совет покажува дека тој ви верува повеќе отколку на кој било друг. Уште поважно, тоа покажува дека тој смета дека вие имате нешто посебно да му понудите и дека вие секогаш му го посакувате најдоброто. Тој можел да побара помош од кој било, но ве одбрал вас.

9. Ќе ги претвора малите патувања во вистински авантури

Вистинскиот ќе направи секоја здодевна задача за возрасни да изгледа како ден во забавен парк. Овој совршен партнер ќе сака секој ден да го направи една луда заедничка авантура.

10. И тој ќе знае дека сте вистинската

Кога работите ќе ви изгледаат во ред, ќе го знаете тоа. Всушност, вистинскиот ќе ви каже дека ве гледа исто како што и вие го гледате него. Низ многуте подеми и падови на врската, вашиот партнер ќе ве потсетува дека тој нема да оди нигде. Тој ќе ги разбере вашите проблеми и постојано ќе ве потсетува колку ве сака.

Ако сметате дека сте го нашле вистинскиот, ценете го и сакајте го. Ако сте скептични, малата помош од оваа листа е добра работа.

Погледнете и кои знаци покажуваат дека партнерот е ваш најдобар пријател.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар