10 мали потсетници што најдобрите другарки треба постојано да си ги кажуваат

10 мали потсетници што најдобрите другарки треба постојано да си ги кажуваат

Да имате една личност, една жена која ви значи многу повеќе од пријателка е благослов. Онаа која ја сметате како член на семејството, која можете да ја повикате доцна во ноќта и да плачете или да се смеете со неа… Имате подарок кој ви е пратен за да имате некого кој секогаш ќе биде тука за вас. Ценете ја и заблагодарете ѝ се. А ние ве потсетуваме дека никогаш не треба да заборавите да ѝ ги кажете овие мали, значајни работи.

1-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_

1. Ти си важна!

Сакај се себеси, немој да се изгубиш поради некој. Вистина е дека љубовта понекогаш знае да направи да замижеш пред некои работи, но тоа не значи дека треба да дозволиш љубовта да стане нож кој ќе те боцка сè повеќе и повеќе. Тоа не е љубов. Тоа е мрак, болка, мразење и многу други работи кои те прават несреќни. Никогаш немој да бидеш неправедна спрема себе, бидејќи ти си важна, за мене си важна.

2. Твоите родители не те донеле на овој свет за ти да плачеш по некое момче!

Тие од тебе очекуваат повеќе, тие од тебе заслужуваат повеќе. Тие се грижеле и понатаму се грижат за тебе кога никој друг нема. Тие ќе бидат тука кога ќе останеш повредена и сама. Тие те избрале тебе за да бидеш нивно дете. Ти си избрана за да ги радуваш твоите родители. Тие се тука и ќе бидат тука, затоа сакај се и почитувај се себеси, бидејќи тоа твоите родители најмногу го посакуваат.

3. Престани да се споредуваш и да се потценуваш!

Не грижи се за тоа што некој ќе очекува од тебе. Оние кои те сакаат, ќе те остават да растеш, да созреваш, да се пронајдеш себеси. Оние кои те сакаат нема да дозволат да тагуваш, да паднеш, да дозволат некој да те повреди. Само затоа што твојот живот не оди онака како што некој друг би сакал, тоа никако не значи дека вредиш помалку. Ти си тука, сега и овде за да го живееш свој живот онака како што ти сакаш, да правиш онака како што мислиш дека е најдобро за тебе. Дури и да дојде до некоја грешка и погрешни одлуки, нема врска, ќе научиш и од нив, бидејќи тоа се твои грешки и ничии други.

2-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_

4. Не дозволувај твоето минато да те определува!

Ако некој се обидел да те дефинира во твоето минато, потсети го дека минатото е минато. Не мора да го полеваш овенатото цвеќе и да се жалиш зошто тоа не расцветува. Тоа е овенато, но затоа пак на негово место ќе израсне ново. Сегашноста е твојот нов, млад цвет. Оној кој ќе го полеваш, тој и ќе зајакнува. Бидејќи тоа што ќе го направиш денес е подобро од она што си го направила вчера.

5. Пријателке, знаеш кој ќе го повикаш кога ќе ти биде тешко!

Јас те сакам таква каква што си. Ги знам сите твои недостатоци, сите твои предности, сите твои подеми и падови, и понатаму те сакам. Ти ја заслужуваш целата љубов на овој свет, а најмногу онаа која самата ќе ја избереш. И немој да заборавиш дека јас ќе бидам секогаш тука за тебе.

6. Никој не би требало да те осудува, но мила, секој тоа го прави!

Запамети го ова и продолжи понатаму. Без разлика што и да правиш во твојот живот, секогаш ќе се најдат оние кои мислат дека имаат право да ти кажат нешто. А тогаш кога ќе станеш нешто, тие повторно ќе дојдат и ќе кажат дека тие исто се заслужни за твојот успех. Не дозволувај му никому да го прави тоа, бидејќи ти си заслужна за твоите успеси, само ти.

7. Животот е многу поубав кога не мора да вложуваш напори за луѓето кои не го заслужуваат тоа!

Тажно е тоа дека можеме да сакаме некој толку многу за дури и да му дозволиме да нè повреди. Немој да си дозволиш да се увериш себеси дека тоа е во ред, не дозволувај некој да те има, некој на кој не си негов цел свет.

3-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_

8. Ништо не е вредно за да се грижиш!

Тешко е да го слушнеш ова и да го направиш кога имаш големо срце. Но, не прави некоја работа во животот само затоа што некој друг ја побарал од тебе. Ако во себе слушнеш глас кој ти вели „не“, тогаш послушај го и замини. Бидејќи утрото може да зажалиш.

9. Вистина е дека луѓето ќе нè повредат, но ти одреди кој е вреден за твоите солзи!

Направи го ова пред некој да дознае, нека се запрашуваат како си успеала. Ти знаеш дека можеш, можеш сè, можеш поради себе. Еден ден ќе се разбудиш и ќе си кажеш себеси дека никој не е вреден ниту пак нештата што те прават тажни, а потоа ќе продолжиш понатаму.

10. И најважно од сè, ти си жена!

Ќе те почитуваат сите оние кои ќе видат на кој начин си одлучила да го живееш својот живот. Бидејќи тоа никој од мажите не може да го направи и запамети го ова. Избери како ќе го живееш својот живот и избери го оној кој ќе биде вреден да биде покрај тебе кога ќе сјаеш од среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар