10 мали, но големи работи со кои мажите ќе ја направат среќна својата сакана

10 мали, но големи работи со кои мажите ќе ја направат среќна својата сакана

Малите нешта се оние кои им значат на девојките. Колку и да не сакаат да ситничарат, девојките сепак реагираат и им даваат значење на оние мали моменти кои на мажите им делуваат толку бесмислени. Токму затоа, кога машкото ќе премине преку своите убедувања и ќе задоволи некоја нејзина желба која нему реално не му претставува никаков проблем, таа ќе му биде многу благодарна. Преку пружање вакво внимание тој покажува колку е подготвен да вложи во врската. Иако мажите сметаат дека само големите работи се оние кои навистина треба да влијаат, малите знаци на внимание се оние кои за неа ќе направат разлика.

1-10-mali-no-golemi-raboti-so-koi-mazhite-kje-ja-napravat-srekjna-svojata-sakana-kafepauza.mk_

1. Ги помни имињата на оние кои ѝ значат

Веројатно звучи чудно, но од многу причини се случува тој да ги заборави имињата на луѓето кои ги запознал преку нејзе. Затоа, токму фактот дека сепак запомнил барем неколку ќе ѝ значи многу и меѓу другото ќе ѝ даде до знаење колку таа нему му значи.

2. Средува позади себе

Иако веројатно постоело време кога жените биле задолжени за чистење дома, а мажите за заработување пари за живот, денес не е така. Средувањето позади себе делува како не толку важна и значајна работа, но сепак кажува дека тој не очекува таа да прави сѐ и е желен да ѝ помогне.

3. Ги споделува своите чувства

Никој не е способен да чита мисли ниту, пак, е видовит. Оттука, многу помага кога наместо мисли, машките користат зборови за да изразат како се чувствуваат. Колку и да се тешки во изразување на своите чувства, тоа сепак одразува ниво на доверба и искреност во врската и нејзе многу ќе ѝ значи.

4. Не ја присилува на работи кои не сака да ги прави

Некогаш машките знаат да бидат поупорни во своите намери одошто е прифатливо, а сѐ што е на сила не води кон арно. Затоа, малку разбирање е и повеќе од прифатливо и ќе ѝ значи повеќе од сѐ.

5. Ја гледа со неа серијата која таа ја сака

Мала, но влијателна ситница. Тој е подготвен да изгуби час или два за да седи на каучот и да серии кои не му се допаѓаат додека можеби истовремено има некој фудбалски натпревар на друга програма. И сето тоа поради фактот дека сака да биде со неа и да ѝ удоволи.

6. Готви

Нема ништо посекси од маж со престилка на себе во кујна. Не постои ништо поромантично од свеќи на маса, тивка музика во позадина и јадење зготвено со многу љубов од него за неа. Кога машкото готви за својата девојка, тоа кажува и значи многу.

7. Ја масира

Бидејќи ова е веројатно една од работите кои машките воопшто не сакаат да ги прават, бидете сигурни дека таа ќе биде и повеќе од благодарна кога сепак ќе го направите тоа. А од друга страна, ова е и тоа каква можност за малку љубов подоцна.

8. Ѝ го дава потребниот простор

Никој не сака да се чувствува загушен или заробен во врската. Секој ја сака и треба да ја почитува својата слобода, но и туѓата. Не за џабе велат дека попрво ќе се врати оној кому сте му дале шанса да му недостигате отколку дека ќе остане оној кој бил приморан. Нејзе ќе ѝ значи многу фактот дека ја почитувате и не се обидувате да ја загушите.

9. Слуша

Меѓу најголемите проблеми во една врска, а кои се иницирани од девојката, се оние во кои таа објаснува дека се чувствува како да зборува со ѕид бидејќи едноставно не може да допре до партнерот со своите зборови. Што сè не би дала таа за момент на чувство дека тој навистина обрнал внимание на нејзините зборови и го применува она што таа го замолила…

10. Оди во шопинг со неа

Ова е дефинитивно онаа работа која машките би дале сѐ за да не мора да ја прават со своите девојки. Затоа ако тој и покрај ова, знаејќи колку нејзе ѝ значи неговото мислење, отиде со неа за целосно да ѝ удоволи, а не бидејќи сака да го помине своето време бесполезно влегувајќи во секој можен бутик, ќе ѝ покаже дека навистина ја сака и повеќе од што таа мисли.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар