10 луди стандарди за убавина од минатото за кои нема да ви се верува дека постоеле
6. Англија, 17-ти век – видливи вени
За да го истакнат нивното благородничко потекло, жените користеле син молив за да исцртаат вени на нивните врат, гради и рамена.
7. Викторијанска ера – гризење на устата
Кралицата Викторија ја забранила употребата на козметика. Како и да е, ова не ги спречило дамите да најдат излез од ситуацијата. Наместо руменило и кармин, тие ги гризеле своите усни и ги штипеле нивните образи.
8. 19-ти век – арсен за убавина
Во 19-тиот век било модерно да се јаде арсен за да се добие свеж изглед на лицето, сјај во очите и заобленост на телото. Сепак, постоеле несакани ефекти – арсенот се акумулира во тироидната жлезда и предизвикува гушење, а понекогаш и смрт.
9. Викторијанска ера – зелени фустани
Зелената боја била измислена во оваа ера, па станала вистински тренд помеѓу следбениците на модата. За да се направи, се користела мешавина од арсен и бакар и бавно го убивала сопственикот на фустанот. Бојата предизвикувала иритација и постепено навлегувала под кожата. Ѕидовите на куќите исто така биле обоени со оваа боја, па луѓето биле изложени на голем ризик.
10. Европа, 18 век – бемки
Ова е период кога се користело многу козметика и од особена важност биле вештачките бемки. Тие не само што биле дел од шминката, туку биле и алат за флертување:
- Полумесечина – покана за состанок
- Срцевидна форма – љубов
- Бемка на горната усна – дамата е сингл и отворена за предлози за брак
- На десниот образ – во брак
- На левиот образ – вдовица
Погледнете ги и овие застрашувачки викторијански стандарди за убавина