10 луди стандарди за убавина од минатото за кои нема да ви се верува дека постоеле
Сликата за женската убавина се менува со текот на времето, а познатото „трпи за убавина“ некогаш имало многу поголемо значење од болката во нозете предизвикана од неудобни, но прекрасни на изглед чевли. Ќе ве шокира што сè правеле жените во минатото за да бидат атрактивни. Погледнете ги овие 10 „докази“ дека идеалот е концепт кој се менува, па подобро бидете внимателни со тековните модни трендови.
1. 15-17 век – платформи
Дамите од 15-ти до 17-ти век носеле чевли со висока платформа за да ги заштитат нивните фустани од калта и да ја покажат нивната висока позиција во општеството. Чевлите им покажувале на другите луѓе кој е идентитетот и статусот на нивниот сопственик. Висината на платформите достигнувала и 50 сантиметри, па дамите кои ги носеле имале потреба од слугинка која ќе ги држи при одењето.
2. 1939 – заштитник за шминката
На овој начин дамите ја заштитувале својата шминка од дожд и снег. Еден од недостатоците на овој изум било тоа што многу бргу се замаглувало однатре.
3. 20 век – дупчиња на образите
Женственоста се сметала за недовршена без шармантните дупчиња на образите. Во 1923 година била патентирана оваа направа. Се ставала на лицето, се врзувала зад ушите а две прачки силно и болно ги притискале образите. Со долготрајна употреба се појавувале посакуваните дупчиња.
4. Ренесанса – високо чело, без веѓи
Природниот изглед не бил во мода во овој период, козметиката многу се користела и женското тело било менувано. Високо заоблено чело било навистина модерно и границата на косата се поместувала што е можно поназад. Исто така, секој кој ја следел модата сметал дека е неопходно целосно да ги отстрани веѓите користејќи пинцета.
5. Англија, 17-ти век – бела кожа
Еден продукт за белеење на кожата, направен од олово и оцет активно се користел во овој период. Кожата навистина станувала бела, но по некое време пожолтувала и било невозможно да се поврати природната боја. Елизабета I, кралицата на Англија и Ирска, била голем обожавател на оваа козметика. Нејзиното лице толку побелело што во историјата останало запаметено како „маска на младоста“.
Продолжува на следната страница…