10 љубовни лекции кои секој треба да ги научи
Љубовта не се заснова само на емоциите и чувствата. Понекогаш, треба да ја активираме нашата рационална страна и да се обидеме да најдеме компромис за сите проблеми кои ќе ни застанат на патот, бидејќи заедничките решенија и комуникацијата се едни од најважните елементи врз кои се заснова структурата на секоја љубовна врска. Во оној момент кога двајцата ќе бидат способни да функционираат како едно, тогаш целта ќе биде постигната. Во тој контекст, прочитајте ги 10-те лекции за љубовта кои ќе ви помогнат да ја одржите рамнотежата во вашиот однос.
1. Не ја споредувајте својата врска со ничија друга. Оној пар кој навидум изгледа свршено можеби има сериозни проблеми и обратно, оние кои изгледаат како да не се воопшто блиски, можеби го имаат најдобриот и најфункционалниот однос од сите нивни пријатели. Научете како да ги прикриете своите емоции и интересирајте се само за себе и за својот партнер.
2. Делењето на заедничките вредности е темелот на квалитетната врска. Сосема е во ред да имате различни вкусови за музика, филмови и забава, но за сериозните животни прашања како што се кариерата, купувањето недвижнини, бракот и децата треба да се има исто или слично мислење.
3. Никому не смеете да дозволите да донесува одлуки наместо вас. Правете го само она што вие двајца сметате дека е правилно. Слободно слушајте ги советите на своите пријатели и семејството, но на крајот послушајте го своето срце бидејќи тоа знае најдобро.
4. Квалитетната комуникација е клучна за здравиот однос. Немојте да викате еден на друг без причина. Седнете и разумно разговарајте како две возрасни и цивилизирани личности. Ако веќе се карате, тогаш потрудете се кавгата да биде продуктивна и да пронајдете некакво решение, наместо одново и одново да се расправате за истиот проблем.
5. Никому не дозволувајте да ве убеди дека сексуалниот однос не е толку важен. Тој навистина не е најважен, но затоа е единствениот физички начин на кој можете да ја покажете љубовта и поврзаноста. Немојте да ја изгубите страста во врската.
6. Пред да започнете да се распрашувате, најпрвин разговарајте со партнерот. Доколку се сомневате на неверство или едноставно се чувствувате занемарено, тогаш разговарајте искрено со него или неа. Немојте да направите нешто што може да има само негативни последици.
7. Стилот на облекување, висината или месечниот приход нема да ја зголемат вашата љубов кон никого. Наместо да се бавите со барање на совршениот партнер кои ќе ги задоволи вашите критериуми, дозволете личноста која навистина ве сака, да ве усреќи.
8. Паровите кои опстануваат се оние кои работат на нештата што можат да ги разделат. Не постои совршена врска, но доколку сакате да останете заедно, тогаш мора да бидете спремни да дадете поддршка и во најтешките моменти. Токму тоа е вистинскиот показател на цврстината на вашата поврзаност.
9. Откажете се од идејата некој да го промените во целост. Луѓето се менуваат само ако имаат потреба да го направат тоа. Во никој случај немојте да започнувате врска со личноста која ве привлекла и со која уште од старт планирате да ја менувате, бидејќи тоа нема да биде успешно.
10. Отворено разговарајте за сѐ што ќе ви падне на памет. Никој не може да ви ги чита мислите. Ако нешто сакате, тогаш кажете го тоа јасно и гласно. Немојте да си замерувате и да си се лутите еден на друг само затоа што тој или таа не направиле нешто за кое сметате дека требало да го сфатат.