10 летни трендови за маникир што треба да ги испробате што поскоро
Без разлика дали сакате минимализам или претпочитате светли бои и дезени, овие трендови се осмислени за да ѝ одговараат на секоја девојка и во секоја пригода.
1. Обичен француски маникир
Со него не можете да погрешите. Уреден и секогаш во тренд!
View this post on Instagram
2. Шарен фенч
Ист, но сосема различен од обичниот француски маникир. Додајте малку боја и подготвени сте за летни фестивалски ноќи.
View this post on Instagram
3. „Tie-Dye“ маникир
„Tie-Dye“ е неизбежен тренд во сите сегменти оваа сезона, па ќе го гледате и на ноктите.
View this post on Instagram
4. Маникир со единечна линија
Едноставните линии во црвена или во друга боја ќе го направат вашиот обичен маникир многу интересен и фотогеничен.
View this post on Instagram
5. Мешавина на стилови
Овој маникир е за малку похрабри девојки кои не се плашат да пробаат нешто ново и различно.
View this post on Instagram
6. Ретро текстура
Ако сè уште крадете облека од плакарот на вашата мајка што таа ја носела во средношколските денови, тогаш овој ретро дезен е идеално решение за вас.
View this post on Instagram
7. Месо боја
За оние кои не сакаат да експериментираат, а сакаат да пробаат нешто поразлично – ноктите во различни нијанси на месо боја се полн погодок.
View this post on Instagram
8. Морски тонови
Освен белата, сината е боја што се истакнува на ноктите со затемнета кожа. Додајте малку златна нијанса и подготвени сте за вистинска, морска авантура.
View this post on Instagram
9. Нокти со срца
Совршен избор за романтичните души кои во себе кријат малку поинаква страна. Црните срца се неизбежен тренд оваа сезона.
View this post on Instagram
10. Размачкано мастило
Нема што да додадете, освен да го обожавате овој маникир!
View this post on Instagram
Прочитајте ги овие експертски совети како да ги зголемите усните.