10 лекови за справување со тешкиот понеделник

10 лекови за справување со тешкиот понеделник

Дури и да ја обожавате својата работа, вие сигурно понекогаш не го сакате понеделникот. Токму затоа погледнете ја оваа листа која ќе ви помогне подобро да ја започнете новата недела и да внесете малку сјај во овој ден…

10 лекови за справување со тешкиот понеделник

1. Фокусирајте се на најважните 3 нешта. Одвојте ги големите нешта и веднаш завршете ги. На овој начин автоматски ќе се почувствувате подобро и ќе знаете дека ве очекува многу полесна недела пред вас.

2. Пуштете ја вашата омилена музика. Секој има барем една песна која ја поседува моќта да го промени нивното расположение. Токму затоа најдете ја вашата и пуштете ја што погласно можете.

3. Движете го вашето тело. Доволна ви е само 5-минутна брза прошетка за да го прочистите вашиот ум и да го започнете денот со многу енергија. Доколку имате можност и време, направете и неколку вежби за размрдување кои дополнително ќе ви ја зголемат енергијата.

4. Научете нешто ново. Ова е најдобриот начин да се справите со досадата. Без разлика за што станува збор, макар и да се зборовите на некоја нова песна, научете нешто што ќе ве инспирира да бидете покреативни во текот на целата недела.

5. Елиминирајте ги оние нешта кои ве спречуваат да се движите кон напред. Започнувајќи од пенкало кое тече, па сè до вашите лоши навики или непријатни мејлови, справете се веднаш со сите оние нешта кои ја исцрпуваат вашата енергија.

6. Смејте се! Потсетете се колку сте среќни во моментов на вашиот живот. Бидете благодарни за она кое го имате и уживајте целосно во моментот. Насмевката е лек за секој вид потешкотии.

7. Одвојте време да разубавите нечиј живот. Колку е тешко некому да му се насмеете или пак, да му кажете нешто убаво или од помош?

8. Одложете нешто што е не е толку важно. Ова се нарекува креативно одложување. Кога вие ќе замените нешто што не е толку важно, со нешто поважно, вашата енергија и почит кон себе автоматски се зголемува.

9. Совладајте непријатна задача. Дали знаете колку придобивки се кријат зад вашите незавршени задачи кои толку многу време ги игнорирате?

10. Откријте што најдобро функционира за вас. Пронајдете ја онаа рутина која секогаш ќе биде успешна за вас и која ќе ви помогне најдобро да ја започнувате секоја нова недела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар