10 лекции на Далај Лама за посреќен живот

10 лекции на Далај Лама за посреќен живот

Во својата книга „Уметност на среќата“ Далај Лама ја одгатнува мистеријата за посреќен живот. Како да постигнете благосостојба, зошто сочувството и интимноста се важни и како да го надминете страдањето и негативните мисли?

10 лекции на Далај Лама за посреќен живот

1. Не фокусирајте се на надворешните влијанија

Екстерните влијанија се одразуваат на нашата среќа, но само краткорочно. На пример, сте добиле на лото или сте го положиле испитот кој толку долго ве мачел. Вашата еуфорија ќе трае извесно време за подоцна да се вратите на веќе поставеното ниво на среќа. Нашиот менталитет влијае на тоа како го гледаме светот, затоа тренирајте го мозокот да ги согледува позитивните нешта елиминирајќи ги негативните и лоши влијанија. Важно е да постигнете внатрешна смиреност со чија помош ќе живеете среќен живот без разлика на надворешните влијанија.

2. Сочувствувајте со другите

Сочувството и хуманоста ви овозможуваат да ги погледнете работите од туѓа перспектива, а со тоа да не бидете себични. Откако ќе помогнете некому и вие исто така се чувствувате подобро самите за себе. Сочувствувајте со другите, пред да ги осудите пробајте да разберете како размислуваат и како дошле до одредена ситуација во животот. Фокусирајте се на нештата кои ви се заеднички и најдете решение за да помогнете онолку колку што можете. Кога сакате секогаш може да најдете начин да пружите помош, а сочувствувањето со другите ќе ве направи посреќни и похумани личности.

3. Градете блиски врски со другите

Цврстите и блиски врски со други личности придонесуваат за физичка како и за емоционална благосостојба. Комуницирајќи, споделувајќи и зближувајќи се со другите, самите се тренираме за посреќен и поисполнет живот.

4. Бидете во допир со религијата и духовноста

Многу истражувања покажале дека вербата и духовноста, како и воспитувањето на семејството во духот на одредена религија, резултира со посреќен живот, како и поцврсти и посреќни семејства. Секако, тоа не зависи на која религија сте припадници. Далај Лама го шири верувањето дека која било религија која ги прокламира позитивните вредности на животот, како добрина, сочувство, хуманост, може да ви го исполни животот.

5. Прифатете го страдањето како нешто што ве прави посилни

Многумина сметаат дека страдањето и тешките периоди се непотребен дел од животот и се гледаат себеси како жртви на судбината. Но страдањето е неизбежен дел од сечиј живот и во суштина она што нема да ве убие ве прави многу посилни. Колку повеќе душата се става на искушение толку посилна излегува. Наместо да обвинувате некој друг за вашата состојба, научете да се справите со лошиот период и да излезете похрабри и поискусни.

10 лекции на Далај Лама за посреќен живот

6. Ослободете се од негативните емоции

Негативните мисли и ставови делуваат како отров кој ја загрозува нашата благосостојба. Затоа искористете ги позитивните мисли како противотров. Негувајте ги позитивните мисли и отворете си себеси еден посреќен и попрооден пат низ животот.

7. Пронајдете го доброто во секоја ситуација

Обично кога ќе се најдеме себеси во лоша ситуација ја гледаме 100% негативно. Наместо тоа тренирајте го вашиот мозок да гледа од позитивното гледиште. Во секое лошо има нешто добро и ни една работа не може да се гледа како целосно позитивна или негативна. Секогаш постојат повеќе страни и гледишта.

8. Ослободете се од бесот и желбата за одмазда

Од сите негативни состојби на мозокот, бесот и желбата за одмазда се можеби најлошите. Тие не само што ни го попречуваат патот до среќата, туку може да резултираат и со сериозни здравствени проблеми. Бесот ни ја попречува способноста за правилно расудување на нештата и може да придонесе за брзи и ирационални одлуки.

9. Распознајте ја соодветната реакција на негативните чувства

Доколку сте бесни вистинската реакција не е кршењето чаши, на пример. Кога ќе почувствувате дека ве совладале негативни чувства, побарајте тајм аут, вдишете чист воздух и избројте до 10. Анализирајте ја ситуацијата, кој е изворот на вашиот гнев, што го предизвикало, како би ја подобриле ситуацијата?

10. Ослободете се од анксиозноста и ниската самодоверба

Анксиозноста некогаш може да влијае позитивно со тоа што ќе вложите повеќе напор во остварување на зацртаните цели. Но кога целосно ќе ве совлада го постигнува сосем спротивниот ефект. Вашата преокупираност со она што допрва треба да се случи може да ве уништи.

Ниската самодоверба, пак, е луксуз кој никој среќен човек не може да си го дозволи. Да, ќе постојат периоди кога ќе имате потешкотии да верувате во себе, но само сетете се колку лоши периоди сте минале, колку пати во животот сте излегле како вистински херои, колку личности ви се восхитуваат поради она што сте?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар