10 лаги за сексот кои жените постојано ги слушаат

10 лаги за сексот кои жените постојано ги слушаат

За жал, постојат многу лаги и митови поврзани со сексот. Тие не само што никому не му помагаат, туку дури можат и психички и емоционално да ве уништат, па затоа е време да се обелодени вистината.

0-10-lagi-za-seksot-koi-zhenite-postojano-gi-slushaat-kafepauza.mk

1. Сите жени имаат вагини

Не. Половиот идентитет и сексуалните органи со кои сте родени се две различни нешта. Без разлика со какви гениталии е родена личноста, таа може да се претставува како маж, жена, двете, ниедно или онака како што се доживува себеси во светот.

2. Невиноста постои и има големо значење

Невиноста постои само како социјална замисла. Историски, невиноста се користела за да ѝ се даде вредност на женската сексуалност. Денес, првата асоцијација за невиност е вагиналната пенетрација. Освен што ова е еднострана перцепција за сексот, која го исклучува половиот однос меѓу припадници од ист пол, исто така истовремено ги потценува сите останати видови сексуални активности. Ова пак, им врши уште поголем притисок на младите луѓе да учествуваат во сексуални чинови за кои можеби и не се спремни. Концептот на невиноста ја определува вредноста на жената и нејзината „чистота“ – што води кон засрамување за нејзиното однесување и осудување на нејзиниот сексуален живот.

3. Жените не мастурбираат

Иако истражувањата покажаа дека жените мастурбираат помалку од мажите, тие сепак го прават тоа. И тоа е супер. Мастурбацијата му дозволува на човекот да го истражи сопственото тело и она што му се допаѓа – тоа доведува до големо сексуално задоволство. Митот дека жените не мастурбираат или дека не треба да мастурбираат наведува многу жени да се чувствуваат виновно затоа што го истражуваат своето тело и својата сексуалност.

1-10-lagi-za-seksot-koi-zhenite-postojano-gi-slushaat-kafepauza.mk

4. Премногу секс ќе ја уништи вагината

Вагината е многу еластичен мускул, а не пар фармерки. Секако дека нема да се „истегне“ откако ќе ја употребите. Невозбудената вагина се враќа во својата оригинална форма – таа никако не може да се промени.

5. Имањето деца ќе ја уништи вагината

Иако некои жени имаат промени во чувствителноста, сепак вагината се враќа во нормална форма неколку недели по раѓање на детето.

6. Сите трансродни луѓе сакаат вагина

Како што рековме, половиот идентитет и сексуалните органи се две различни нешта. Тоа исто така значи дека не сите кои се чувствуваат како жени чувствуваат потреба хируршки да го изменат нивното тело, а во случај да сакаат да го направат тоа, промената на полот не е единствениот начин. Постојат многу други различни хируршки опции за трансродните жени вклучувајќи аугментација на градите, феминизација на лицето и сл. за кои не е потребно променување на полот. Кој метод ќе го изберат (и дали воопшто ќе изберат некој) е право на секоја жена според тоа како таа сака да се претстави и изрази во општеството.

7. Големината е најважна

Големината е важна, на некој начин и на некои луѓе, но не толку колку што ѝ се придава значење. Реално, просечниот пенис е нешто повеќе од 15 см во состојба на ерекција, што има смисла затоа што вагината е долга 12-16 см. Вагината е мускул кој се тегне (издолжува и шири) кога е во возбудена состојба и затоа може да ги прифати различните големини на пенисот, но нема потреба од голем пенис за да се дојде до задоволство.

Плус, многу поважен е аголот. Постојат регии во вагината кои имаат повеќе нерви отколку други. Правилното насочување на пенисот, прстите или дилдото за да се погодат тие регии (експериментирајте со позиции за да откриете што вам најмногу ви одговара) е многу, многу поважно од неколку сантиметри плус.

8. Во ред е да глумите оргазам за вашиот партнер да се чувствува подобро

Апсолутно не е, во ниеден случај. Не го правете ова. Никој не се чувствува подобро ако глумите оргазам. Не само што вие не чувствувате сексуално задоволство, туку и не го учите партнерот правилно да ве задоволи. Тоа е неискрено и сите кои се во врска треба да имаат отворена и искрена комуникација помеѓу себе. Додатно, глумењето оргазам само ја подгрева идејата дека сексот е само за доживување климакс. Секако дека тоа е целта на сексот, но тој има многу поголемо значење. Сексуалното истражување треба да биде истражување на вистинското „јас“.

2-10-lagi-za-seksot-koi-zhenite-postojano-gi-slushaat-kafepauza.mk

9. Сексот треба да биде како на порно

Порното е секси и може да ве возбуди, но тоа е илузија. Особено првичниот концепт за порното, кој бил специфично направен само за да ги поттикне машките фантазии. Жените во нив се користат како објекти со единствена цел – сексуално да го задоволат мажот и притоа тие се портретирани како да уживаат во тоа. Бидејќи порното е генерално наменето за мажите, дури и лезбиското порно ги прикажува жените на начин што има за цел да ја возбуди машката популација.

10. Сѐ се врти околу пенетрацијата

Ако сте гледале каква било секс-сцена, тогаш сигурно мислите дека сѐ што е потребно за да се дојде до оргазам е да мрдате објект во форма на пенис внатре-надвор одредено време. Вистината е многу поинаква – само 7% од луѓето родени со вагина можат да доживеат оргазам исклучиво преку вагинална стимулација. На сите останати им е потребна и клиторална стимулација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар