10 лаги со кои постојано се мачиме

10 лаги со кои постојано се мачиме

За жал, покрај сите корисни работи на светот, во текот на животот учиме и нешта кои ни се пренесени како позитивни, но нашето искуство покажува дека носат само штета. Ова се неколку такви лаги со кои се мачиме во текот на животот и кои мораме да се обидеме да ги извадиме од главата.

10 лаги со кои постојано се мачиме

Самотијата и осаменоста се едно исто

Кога некој е сам не значи дека е осамен. Оној кој има друштво не значи дека не е осамен. На крајот на краиштата, самотијата не може да предизвика болка како што можат лошите односи со другите. Понекогаш можеби е подобро да поминете некое време сами, да го избистрите умот и да ја сфатите сопствената вредност. Потоа ќе знаете кога да ги напуштите лошите врски без да се плашите дека ќе бидете осамени.

Среќа е кога имаш сè што сакаш

Дури и да имате сè што сакате, секогаш може да посакувате уште повеќе. Бескрајното постигнување на повисоки и повисоки цели, нема да ве направи и бескрајно среќни. Мора да научите да бидете благодарни за она што веќе го имате. Малите нешта што се стекнуваат во големите походи можат да донесат голема радост.

Секогаш можете да забележите кога некој е тажен

Тоа е погрешно. Некои луѓе се предобри во криењето на своите емоции и никогаш нема да ви дозволат да забележите дека се тажни или повредени. Затоа воздржете се од осудување. Не знаете сè што се случува во нечиј живот. Впрочем, ако имате доволно време и енергија да ги осудувате другите, тогаш тоа би можеле да го искористите за некоја друга цел.

10 лаги со кои постојано се мачиме

Текот на животот е предодреден

Многу е лесно одговорноста за непријатната состојба во животот да ја префрлиме на некаква судбина. За жал, бегањето од слободата на одлучување за сопствените постапки е широко прифатено и внесува многу конфузија во сечиј живот. На крајот, ние самите решаваме што за нас ќе претставува животот и како ќе го потрошиме.

Мора да бидеш ваков или онаков

Вистинскиот и најубавиот вкус на животот може да се почувствува кога ќе престанеме да се споредуваме со другите. Подеднакво лоши се и споредувањата со различни верзии на нашата личност, без разлика дали ни ги наметнува некој друг или ние сами си ги наметнуваме.

Секој нема привилегија да живее удобен живот

Не е потребно да поседувате одредени работи за да живеете убаво. Ако сте свесни за она што навистина ви треба за исполнет живот и ако сте благодарни за она што го имате, ќе бидете во редот на оние кои имаат привилегија да живеат удобен живот.

Проблемите се непотребни во животот

Проблемите не доаѓаат за да ни го загорчат животот. Тие се тука за да ни укажат на тоа дека некаде сме погрешиле и да нè поттикнат да ја најдеме вистинската насока. Потребно е да учиме од грешките.

10 лаги со кои постојано се мачиме

Да се биде силен значи да не се чувствува болка

Ова е многу погрешно. Напротив, да не се чувствува болка е показател за некој сериозен проблем. Силните луѓе ја чувствуваат болката и се соочуваат со неа.

Површноста може да помогне во некои ситуации

Ова не е добро ни за вас, ни за оние околу вас. Кога изјавувате љубов или се извинувате, мислете го тоа. Вашиот соговорник ќе го почувствува тоа и нема да ви бидат потребни многу зборови за да се искажете.

Сонувањето е губење време

Ние знаеме само за мал дел од сето она што е возможно. Имагинацијата е средство со кое може да се ѕирне под површината и да му го отвори патот на навидум невозможното. Впрочем, каков би бил животот без сонување? Оној кој заборавил да сонува е мртов однатре.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар