10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Со правилно воспитување, дисциплина и внимание, повеќето кучешки раси се прекрасни домашни миленици, но некои кучиња претставуваат поголем предизвик од останатите па затоа не се најдобар избор за семејства со мали деца, особено ако станува збор за неискусни сопственици. Се работи за кучиња со многу цврст карактер кои се самоволни и тврдоглави, поради што треба добро да размислите пред да ги посвоите, доколку имате мали деца во домот…

1. Ротвајлер

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Ротвајлерот е прекрасно и моќно животно, но може да покаже негативна реакција доколку детето викне и побегне. Може дури и да го нападне. Кучето може инстинктивно да потрча по детето, бидејќи генетскиот код му вели дека треба да го лови пленот, а проблемот е во тоа што кога еднаш ќе почне да го прави тоа, тешко ќе можете да го сопрете. Со помош на правилна социјализација и тренинг, ротвајлерот може одлично да се вклопи во семејство со деца, но многу е важно да биде под надзор.

2. Акита

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Кучето од расата акита која дошла во семејството како мало кученце и растела заедно со децата, веројатно ќе биде толерантна кон најмалите членови во домот, но тоа нема да важи и за туѓите деца. Постои општо правило дека ова куче не смее да се остава само со деца помали од 12 години. Акитата не сака кога некој ја закача и може да реагира со гризење. На ова куче многу брзо му досадуваат работите и сѐ сака да прави на свој начин. Акитата бара трпение и доследност. Ако ѝ е здодевно и не е правилно дресирана или е оставена без надзор, може да стане деструктивна.

3. Алјаски маламут

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Станува збор за исклучително силно куче што е главната причина зошто семејствата со деца треба добро да размислат пред да земат алјаски маламут. Добрата страна е што припадниците на оваа раса се весели и пријателски настроени, но не се препорачува да му се дозволува на детето да го шетаат кучето, бидејќи пресилно влече. Освен тоа, ова куче е многу влакнесто и постојано се митари, а тоа е уште една причина зошто не се препорачува за семејства со мали деца во домот.

4. Сибирска хаска

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Сибирските хаски се прекрасни, разиграни и енергични кучиња. Тие можат да бидат пријателски настроени, но поради нивните специфични потреби, интелигенцијата и комплетното отсуство на инстинктот за грижа, можеби не се најдобрите домашни миленици за децата. Сибирските хаски не се агресивни кон луѓето, но нивното инстинктивно однесување може да предизвика проблеми. Хаските треба редовно да се социјализираат со други кучиња и притоа треба да бидете внимателни, бидејќи малите животни можат да ги доживеат како плен. Оваа кучешка раса се митари во текот на целата година што може да предизвика или да ја засили алергијата кај децата.

5. Булмастиф

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Булмастифот не е најдобар избор за семејствата со деца кои штотуку почнале да учат да одат. Кучињата од оваа раса се извонредни, но поради нивната гигантска големина, не се идеалните миленици за семејствата со мали деца. Сопствениците на булмастифи мора да бидат свесни дека овие кучиња се многу силни и често можат да покажат агресија кон други животни и непознати луѓе. Добрата страна е што не се претерано активни, па нема да им пречи ако останат сами дома.

Продолжете на следната страница за останатите кучешки раси…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар