10 креативни идеи за употреба на чепкалка за решавање на разни проблеми

10 креативни идеи за употреба на чепкалка за решавање на разни проблеми

Освен за чистење на забите и повремено при готвењето, чепкалките за заби можат да најдат многу поширока примена во домот. Ви предлагаме десет такви идеи.

10 креативни идеи за употреба на чепкалка за решавање на разни проблеми

1. Боење на делови од мебелот. Има делови од мебелот кои со текот на времето ја губат бојата, особено по рабовите, а формата на чепкалката е идеална за да нанесете нова боја само на тие делови.

2. Нанесување на лепило. Кога е потребно да се нанесе лепило на некоја минијатурна површина, таа може да ви биде од голема помош.

3. За чистење на тастатурата. Ако имате навика да јадете додека седите на компјутерот сигурно тастатурата ви е полна со ситни трошки кои по некое време почнуваат да пречат при пишувањето. Употребете чепкалка за да ги исчистите.

4. Проверка дали колачот е испечен. Чепкалката може да се искористи за проверка дали колачот кој го печете веќе е испечен. Боцнете, и ако таа е сува, тогаш тој е готов. Ако не е, треба уште малку печење.

5. За правење коктели. Може да ви послужи за на неа да боцнете маслинка или некое овошје кога ќе правите коктели во домашна атмосфера.

6. Кога правите голем сендвич. Големите и богати сендвичи често пати знаат да се растурат поради тоа што има премногу храна во нив. За да не ви се растураат и да можете да ги изедете на мира, ставете неколку чепкалки во сендвичот и тие ќе го спречат тоа.

7. Проверете ја влажноста на земјата. Боцнете чепкалка во земјата за да проверите дали е влажна или сува пред да ги полеете цвеќињата со вода.

8. Означете го почетокот на лепливата лента. Неговото барање може да одземе многу нерви, па затоа залепете чепкалка на тој дел.

9. Одвикнување од цигари. Држењето чепкалка во устата се препорачува како помошен метод за одвикнување од држењето на цигара во устата.

10. Чистење на телефонот. Деловите на телефонот од каде што тој го прима или го дава звукот, како и деловите каде што се вклучуваат кабелот и слушалките многу лесно се полнат со прашина. Употребете чепкалка за полесно да ги исчистите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар