10 корисни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во секоја прилика
Сите знаеме дека првиот впечаток е многу важен, па се обидуваме да изгледаме што е можно подобро. Токму и поради ова секој од нас си има посебен стил до кој сака да се држи. Сепак, постојат уште некои работи кои треба да ги имате на ум ако сакате да изгледате совршено. Овие тајни ќе ви помогнат да изгледате најдобро што можете во секоја прилика.
1. Јаката треба да одговара на формата на вашето лице
Кога одбирате блуза или кошула, сигурно не обрнувате внимание на формата на јаката. Ако се посветите на овој детаљ, ќе ја истакнете формата на вашето лице. Тесната јака е добра за луѓе со широко лице бидејќи визуелно ќе ве направи послаби. Оние кои имаат овално лице најдобро е да одберат класична јака. Луѓето со потесно лице може да експериментираат со јаките. На пример, може да одберат кружна јака.
2. Обрнете внимание на рамената и ракавите
Кога пробувате облека, не заборавајте на вашите рамена и ракави. Постои правило за ова – рамената од облеката треба да бидат точно на вашите рамена, а ракавите треба да завршуваат кај зглобовите.
3. Обрнете внимание на засуканите ракави
Многу луѓе ги засукуваат ракавите на блузите и кошулите. Но кога потоа ќе ги спуштат, тие се изгужвани. За да го избегнете ова, спуштајте ги ракавите барем еднаш на неколку часа.
4. Отворени и затворени копчиња на палто
Дури и најмалиот детаљ, како копчињата на палтото бараат внимание. Треба да знаете дека најгорното копче може да биде и откопчано и закопчано, средните секогаш треба да бидат закопчани, а најдолните секогаш откопчани.
5. Не плашете се да потрошите повеќе на чевли
Ако сте вложиле во квалитетни чевли, сигурно знаете дека траат многу подолго. Покрај тоа, тие се подобри за вашите нозе. Се разбира, имајте на ум дека квалитетните чевли бараат нега. На овој начин тие ќе траат подолго и нема да се деформираат.
Продолжува на следната страница…