10 карактерни особини што ве прават привлечни во туѓите очи
Изгледот можеби привлекува на прв поглед, но далеку од тоа дека е пресуден. Она што освојува всушност е нашето однесување. Постојат мали трикови со чија помош ќе можете да освоите кого било, а сите трикови се и навистина докажани. Доколку ги научите еднаш, ќе можете постојано да ги употребувате за ваша корист.
1. Слушајте ги другите
Вашата способност за слушање на другите е една од работите кои најбрзо ги привлекува луѓето. Со тоа што слушате некого, му покажувате дека ви е важен и дека навистина ве интересира она што ќе го каже. На тој начин градите доверба и подлабока поврзаност со таа личност. Во туѓите очи можете дури да станете и физички поатрактивни доколку се покажете како добар слушател. Активното слушање е фокусирано и промислено слушање кое ве води кон подлабоко вклучување во темата.
2. Набљудувајте го вербалното и невербалното однесување на другите
Така ќе можете подобро да разберете во кој дух е нешто кажано и да дадете соодветен одговор, кој на другата личност ќе ѝ даде до знаење дека активно ја слушате.
3. Бидете добри и фини
Докажано е дека и мажите и жените сакаат повеќе да бидат во друштво со луѓе кои се фини, добронамерни, грижливи и искрено загрижени за доброто на другите, што секако не е изненадувачко. Таквото однесување е потребно за основање, но и за одржување долги врски, бидејќи тоа го подигнува и нивото на атрактивност на личноста.
4. Смејте се
Едно од најсилните оружја што ги имаме е насмевката! Смеењето испушта ендорфин и серотонин што во вас го подобрува расположението, но може да го подобри и расположението на луѓето околу вас. Луѓето повеќе сакаат да бидат опкружени со насмеани личности отколку со сериозни и тмурни и тоа е секако една од најатрактивните физички особини. Смеењето исто така опушта, го ослободува стресот и нè зближува со другите.
5. Бидете човек од збор
Другите луѓе сакаат да можат да се потпрат на вас. На тој начин побрзо градат блиска врска со вас и многу побрзо се отвораат, бидејќи нема да се плашат дека ќе ги повредите или разочарате. Луѓето на кои може да им се верува се многу пожелни и важни, а ретко кој е таков, па тоа е особина која навистина се исплати да ја имате.
6. Мирисајте на ванила
Една од најпопуларните ноти во парфемите е мирисот кој докажано им одговара на скоро сите, бидејќи буди среќни спомени од детството. Доколку мирисате на ванила, луѓето со вас ќе се чувствуваат среќно и удобно. а важно е да нагласиме и дека мирисот на ванила го намалува стресот и анксиозноста.
7. Носете црвено
Освен што е секси и самоуверено, докажано е дека најпривлечни се жените во црвено. Црвената боја симболизира моќ, како и сексуалност, зрелост, па дури и плодност.
8. Бидете полни со самодоверба
Самодовербата, верувањето во себе и цврстиот став ја прават личноста многу привлечна. Дури и оние кои веруваат дека добро мирисаат, имаат убава коса или едноставно гледаат на себе во добро светло, веднаш ќе бидат попривлечни за другите.
9. Немојте да доцните
Точноста е многу привлечна, иако на прв поглед изгледа банално. Доаѓањето на време покажува дека имате свои принципи кои ги следите, но и дека ги почитувате другите, како и нивното време.
10. Ако сте сопственик на домашен миленик, тоа е плус
Сопствениците на домашни миленици се воочливи, изгледаат доверливо и отворено и лесно можете да им пријдете, бидејќи сепак разговорот за домашниот миленик е одличен начин за кршење на мразот. Таквите поединци изгледаат како одличен материјал за долга врска, а поседувањето на домашен миленик убаво делува на вашата психа и нивото на релаксираност.
Дознајте кои работи мажите потајно ги бараат кај жените.