10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требале
Постојаното вложување во бракот е задолжително за тој да биде успешен, но потребно е да препознаете во кои случаи трудот ќе ви се исплати, а кога не. Така, голем проблем може да се јави доколку вие премногу се трудите околу партнерот, а тој не ви возвраќа со иста мера.
Луѓето, честопати мислат дека можат да го променат својот партнер доколку му дадат премногу од себе, но овој метод ретко кога успева. Наместо тоа, треба да ги препознаете потребите на вашиот партнер или едноставно да го прашате и да му го понудите она што навистина му е потребно од вас. Се разбира, и тој/таа треба да го стори истото за вас. Во продолжение, погледнете како да препознаете дали премногу се залагате за вашиот брак и како со тоа можете да си наштетите себеси.
#1
Ако вложувате преголем дел од себеси во врската и вашето тело ќе почне да го чувствува тоа. Набрзо, и тоа ќе се умори, а вие ќе започнете да ја губите емоционалната стабилност и ќе станете „емотивен вампир“.
#2
Ако некој не сака да вложи труд во вашиот однос, нема да сака да ве запознае со неговите или нејзините важни личности во животот. Нема да поминувате време со родителите, пријателите и роднините на вашиот партнер. Нема да ги споделува важните настани од животот и нема да прави планови со вас.
#3
Сите имаме обврски, но компромисот е клучот за среќна врска. Ако некој сака да ве види, ќе пронајде време да ве вклопи во својот распоред. Доколку вие наоѓате време, а вашиот партнер не, тоа значи дека тоа не му е доволно важно.
#4
Доколку сте во врска со емотивно незрела личност, таа ќе очекува сè да правите вие – да го чистите секој настанат неред и да го решавате секој конфликт, наместо нив.
#5
Сите ние правиме грешки, но треба да останеме отворени за критика и да го чуеме туѓото мислење. Доколку вашиот партнер направил нешто погрешно и во текот на разговорот зазема одбранбен став, тоа значи дека ве зема здраво за готово и нема ни да се потруди да ја поправи својата грешка.
#6
Доколку партнерот не ве слуша и секогаш ја префрла сета вина на ваша страна, тоа значи дека тоа не е вистинската личност за вас. Борете се за „своето јас“ и не му дозволувајте на никој да си поигрува со вашите емоции.
#7
Без разлика дали станува збор за поминување повеќе време заедно, дружење со вашето семејство или пријатели, тој/таа секогаш ве одбива, под изговор дека има некоја друга, побитна работа. Во овој случај, морате да поразговарате сериозно со партнерот и да бидете искрени со себе – дали само вие вложувате во успехот на вашиот брак?!
#8
Доколку секогаш вие сте тие коишто правите планови за вас двајца, а партнерот не покажува интерес за поминување квалитетно време заедно или не збори за вашата иднина, тоа значи дека само вие се грижите за опстанокот на вашата врска.
#9
Доколку секогаш сакате очајно да го видите вашиот партнер, додека тој е зафатен со други нешта, тоа значи дека не му е грижа како вие се чувствувате во таа врска.
#10
Доколку партнерот никогаш не ве изненадува, никогаш не иницира разговор, не ви пожелува среќа за битните работи во вашиот живот и продолжува нормално да функционира во своето секојдневие, дури и кога вие имате проблеми, тогаш таа врска е многу штетна за вас.
Прочитајте ги и овие 14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во брак.