10 изненадувачки совети кои го намалуваат ризикот од срцев удар - Part 2

10 изненадувачки совети кои го намалуваат ризикот од срцев удар

6. Пуштете го Моцарт

(7)10-iznenaduvachki-raboti-koi-go-namaluvaat-rizikot-od-srcev-udar-kafepauza.mk

Музиката има големо влијание на вашето расположение и на нивото на стрес. Ако слушате метал и пиете Ред Бул по цел ден сигурно наскоро ќе „откажете“. Доста интересно е што истражувањата покажале дека слушањето класична музика му помага на вашето срце. Го намалува крвниот притисок, ве смирува и може да ги спречи срцевите заболувања.

7. Најдете си цимер

(8)10-iznenaduvachki-raboti-koi-go-namaluvaat-rizikot-od-srcev-udar-kafepauza.mk

Живеете сами? Ова всушност може да предизвика проблеми со срцето, иако звучи чудно. Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат сами имаат поголем ризик од срцеви заболувања и срцев удар. Има и многу други фактори, но ако сега засега живеете сами можеби не го правите најдоброто за вашето срце.

8. Откажете се од газираните пијалаци

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Можеби веќе сте изморени од советите дека треба да се откажете од овие пијалаци, но размислете. Тие се полни со шеќер, многу често и со кофеин и имаат улога во зголемување на дебелината. Ако се откажете од газираните пијалаци, вие значително ќе го намалите ризикот од срцев удар.

9. Чувајте куче

(10)10-iznenaduvachki-raboti-koi-go-namaluvaat-rizikot-od-srcev-udar-kafepauza.mk

Чувајте куче! Кучето ќе ви помогне да бидете поактивни и тоа ќе знае како да го намали вашето ниво на стрес. Кучињата навистина можат да го намалат ризикот од срцев удар.

10. Немојте да имате (премногу) деца

Playful daughters on top of father at home

Одгледувањето деца е стресно. Тие исто така одземаат голем дел од вашето време, а ова значи дека немате време за вежбање и завршувате со консумирање нездрава храна. Научниците го поврзале имањето деца (повеќе од 4) со зголемен ризик од срцев удар.

Доколку сте во вашите 20-ти, погледнете ги овие совети за спречување на срцеви заболувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар