10 интересни факти за врските што би требало да ги знаете
Речиси секој бил во врска, а можеби и повеќе, и научил некои работи од искуствата. Но понекогаш имаме погрешни верувања и мислења за тоа како треба да изгледа некоја врска, а ова незнаење често може да биде штетно за односот со партнерот. Па затоа погледнете ги 10-те факти за врските коишто би требало да ги знаете.
1. Не можете да гледате низ очите на партнерот бидејќи сте различни
Вие и вашиот партнер сте различни и тоа генетски, физички, психолошки и лично. И покрај вашите разлики, потребно е да се прилагодите на вашите начини на размислување и делување.
2. Љубовта не е исто со вљубувањето
Многу луѓе не можат да одредат колку е успешна нивната врска бидејќи не им е јасно чувството на вљубување. Вљубувањето е првата фаза од љубовта. После него, дивата страст станува длабока и долготрајна посветеност. Ова е возбудливо, но не е секогаш толку драстично.
2. Во добра врска, партнерите ги прифаќаат нивните разни погледи
Постојат нешта за кои ќе имате несогласувања со партнерот и никогаш нема да ги решите. Па, треба да прифатите дека едноставно нема да се согласувате во сè. Дури и ако не можете да го решите проблемот, сепак можете да најдете решение на емоционално ниво.
4. На партнерите не им се неопходни заеднички активности
Добро е да имате интересно хоби, но не треба да присилувате некое за да ја направите врската подобра. Сигурно имате многу заеднички нешта со партнерот, а за некои не сте ни свесни. Правете ги овие работи заедно и живејте го заедничкиот живот.
5. Несогласувањата им припаѓаат на добрите врски
Несогласувањата во врските не се толку лоши доколку следите неколку заеднички правила. Не грижете се за тоа колку често се расправате, бидејќи тоа не е показател за стабилноста и квалитетот на врската. Споровите всушност можат да го подобрат квалитетот на врската. Проблемите најчесто настануваат кога ги потиснувате вашите мислења и ставови.
6. Не можете да му кажете што било на партнерот
Во врската од голема важност е да размислите за нешто пред да го кажете на глас. Доколку го повредите партнерот со зборови, може да направите непоправлива штета. Ако се сомневате дека она што ќе го кажете може да ја сруши довербата на партнерот во вас, најдобро е да размислите пред да преземете нешто.
7. Добриот секс е еден од столбовите на врската
Во повеќето ситуации водењето љубов е симбол на заемно давање, примање и доверба. Кога љубите, вие сте најчувствителни и му дозволувате на партнерот да ви се приближи. Потребно е помеѓу вас да постои хемија што прави да се чувствувате повеќе од пријатели.
8. Во совршената врска и двајцата партнери имаат недостатоци
Често се мисли дека ако некоја особина на личноста значително се разликува од вообичаеното, тоа мора да биде лошо за партнерот. Но ако недостатоците на партнерот не ве навредуваат или повредуваат, можете или да имате влијание врз нив, или едноставно да научите да живеете со нив.
9. Совршената врска може да се постигне на многу начини
Не постои ниту еден правилен начин за тоа како треба да изгледа врската. Исто така постојат безброј начини за справување со проблемите и нивно решавање. Постојат и многу начини за покажување поддршка и љубов. Најважното е да го најдете вашиот начин и да го применувате. Функционалноста значи да ги постигнете посакуваните резултати на ваш начин.
10. Менувањето на врската започнува со вас
Љубовта не значи да најдете личност која ќе ви го направи остатокот од животот среќен. Дали некогаш сте помислиле дека ако можете да ги промените размислувањата, чувствата и однесувањето на партнерот, вашата врска би бил подобра? Најважната личност на којашто можете да влијаете сте вие самите. Најдете ја вашата вредност. Не можете да го контролирате партнерот и неговата задача не е да ви го направи животот подобар, вие самите сте одговорни за тоа.
Прочитајте ги и овие факти за љубовта од кои ќе научите многу.