10 идеи за летен педикир

10 идеи за летен педикир

Пред да заминете на плажа, посветете им внимание на ноктите на нозете затоа што убавите сандали или влечки едноставно заслужуваат да се потрудите околу изгледот на нозете. Оваа година во тренд се слатки и забавни слики на ноктите и светли бои.

1. Ананас

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Adamovich (@nailsbykatarinasb) on

Ако се подготвувате за на плажа, веројатно се замислувате во некој бар, со коктел во рацете. Ананасот и летото одат рака под рака, а ако не се наоѓате во близина на бар, овие мали ананаси на нозете ќе ве потсетуваат на тоа.

2. Како чинија со овошје

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alysa Espiritu (@afterglo_beautylounge) on

Лубеница, јагоди, киви, лимон… Со малку фантазија, вашите нокти ќе изгледаат како чинија со овошје.

3. Забавни цвеќиња

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Errin Lopez (@fineoutlinenails) on

Цвеќињата на светла позадина секогаш изгледаат симпатично, само направете ги колку што е можно помали, за да се види дека сте се потрудиле, а не да се забележуваат малите несовршености.

4. Хибискус

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Professional Nails (@professionalnailss) on

Поголемиот цвет на ноктите подобро се гледа, па затоа мора да биде нацртан совршено. Доволно е да нацртате цвет само на палецот.

5. Мотиви од Африка

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura (@lauranailsmke) on

Ако цвеќињата и овошјето не се ваш избор, направете ги ноктите во боите и стилот на африканските племиња.

6. Мали слатки јагоди

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Errin Lopez (@fineoutlinenails) on

Овошјето е апсолутен хит за педикир оваа година, а малите јаготки се токму она што ви треба.

7. Топло лето на нозете

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emerald Facials & Skin Clinic (@beflawlessskinandbeauty) on

Зајдисонце, портокалово небо и палми – овие нокти изгледаат како разгледница и се идеални додека ги броите деновите до заминувањето на одмор.

8. Светки и сјај

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @_june_first_ on

Колку повеќе светки на плажа, толку подобро, а со лак во боите на морето – морска сина или тиркизна зелена боја, ќе изгледате како сирена која дошла на брегот да фати малку боја.

9. Бранови во сандали

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sena_nail 💛💜 (@ssena_nail) on

Поиграјте си со боите на морето и на песокот, така што вашите нокти ќе изгледаат како да сте влегле во морето со сандали, а прстите ви се заплискани од пенливи бранови.

10. Розова боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝕊𝕌𝕄𝕀𝕂𝔸 𝕂𝕆ℕ𝔻𝕆 (@suuumiikaa) on

Ако не сте воодушевени од цртежите на ноктите што може да изгледаат неубаво кога лакот за нокти ќе почне да се лупи, премачкајте ги ноктите со лак за нокти во една боја. Нежната розова боја е одличен избор за ова лето.

Ако барате идеи за летен маникир, погледнете ги овие одлични предлози.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар