10 грешки што речиси сите родители несвесно ги прават

10 грешки што речиси сите родители несвесно ги прават

Повеќето грешки на родителите најчесто се направени од љубов. Родителите мислат дека им помагаат на нивните деца да се развијат и да созреат, понекогаш дури и со казнување. Но долгорочните последици како депресија, анксиозност и слично, покажуваат дека имало некаква грешка во детството. Кога ќе сфатите што правите погрешно, секогаш има време да го поправите тоа. Погледнете ги најчестите грешки што речиси сите родители ги прават несвесно.

10 грешки што речиси сите родители несвесно ги прават

1. Родителството „хеликоптер“ може да го остави детето без пријатели

Додека го проучувале родителството „хеликоптер“, научниците од Американската асоцијација на психолози забележале дека овие родители постојано ги водат нивните деца, кажувајќи им што и како да направат нешто. Се разбира, сосема нормално е родителите да сакаа да го зачуваат здравјето и безбедноста на децата, но тие нема да научат како да се справат со нивните емоции и чувства доколку немаат простор за растење. Оваа грешка на родителите често предизвикува проблеми со социјална адаптација, стекнување пријателства и анализирање на однесување.

Доколку не сакате да одгледате асоцијално дете, треба да бидете чувствителни во врска со неговите потреби. Кога ќе забележите дека детето само може да се справи со некоја ситуација, оставете го. Можете да му помогнете низ тешите периоди, но главната одлука нека биде негова. Разговарајте за неговите чувства и емоции и споделете трикови за справување со стресот.

2. Удирањето за дисциплина може да предизвика респираторни проблеми

Постои верување дека употребата на физичка сила им помага на родителите да ги дисциплинираат децата. Многу луѓе не само што се согласуваат со ова, туку активно го користат овој метод. На пример, резултатите од анкета од 2012-та година покажале дека 94% од родителите редовно ги удираат нивните деца. Но, науката го поби и овој мит.

Експертите сметаат дека физичкото малтретирање може да води до многу негативни исходи, а на некои воопшто немате ни помислено. Антисоцијалното однесување, психолошките нарушувања и злоупотребата на дрога и алкохол се само неколку примери. Исто така се зголемува и ризикот од развивање рак, срцеви болести или астма. Доколку се прашувате која техника е поефективна, обидете се со разговор и комуникација.

3. Споредувањето е клучно за ниска самодоверба

Дали некогаш родителите ве споредувале со некој друг? Дали ви рекле дека некој пријател има подобри оценки од вашите, или е подобар во фудбал? Родителите веруваат дека овие споредби ги мотивираат децата да станат подобри, но ова не е вистина.

Психолозите се обидуваат да објаснат зошто споредувањето е навистина штетно. Изгледа дека овој „метод“ за воспитување само ја намалува самодовербата и вредноста што детето ја чувствува за себе. Исто така може да ве оддалечи од детето, бидејќи тоа ќе се чувствува несигурно и ќе ја изгуби довербата во вас. На децата им се потребни вашите љубов и поддршка во секој ситуација, па наместо да им кажувате дека ве разочарале, разговарајте за самиот проблем.

4. Непостојаното родителство води до ранливо дете

Еден ден го терате детето да си ги собере играчките, но следниот вие го правите тоа. Вчера сте биле со лошо расположение и сте ги казниле децата за невина шега, но денес ви е одлично и им дозволувате да прават што сакаат. Ова се само неколку примери за нестабилна околина, што ги тера децата да се прашуваат дали го прават она што родителите го бараат од нив.

Научниците сметат дека оваа несигурност може да има негативно влијание на самодовербата и да ја зголеми ранливоста на анксиозност и депресија. Поради тоа, најдобро е да имате некакви правила и да поставите граници. Ова ќе им помогне на децата да сфатат што следува и како да реагираат на тоа.

5. Колку повеќе викате, толку полошо ќе се однесува детето

Замислете си дека децата се однесуваат лошо. Сте им рекле да се смират неколку пати, но потоа сте експлодирале. Викањето е ефективен метод што ни помагаа да се ослободиме од емоциите за само неколку секунди, а некои родители сметаат дека викањето е добар начин веднаш да се решат проблемите. Но дали сте се запрашале кои се последиците?

Викањето може само уште повеќе да го влоши однесувањето на детето. Исто така може да предизвика анксиозност и депресија, па дури и хронична болка. Никогаш не е доцна да најдете методи што ќе му помогнат на детето да расте и созрева.

6. Превисоките очекувања нема да ги направат децата совршени

Веројатно нема родител кој сака неговото дете да биде неуспешно. Високите очекувања можат да ги мотивираат децата, но кога ќе се претворат во нереални цели, ситуацијата се менува. Важно е да знаете кои цели се нереални бидејќи тие можат да предизвикаат разни проблеми како несоница, замор и анксиозност. Децата почнуваат да се плашат од грешки кога нивните родители сакаат да бидат совршени. Одвојте време и размислете дали го притискате детето повеќе од потребното.

7. Доколку детето е навистина лошо, погледнете се себеси

Истражувањата потврдиле дека децата ги прифаќаат вредностите најмногу од нивните родители. Исто така, тие го копираат и нивното однесување. Па ако детето минува многу време со вас, а не ви е јасно од каде ги научило „лошите зборови“, обрнете внимание на себе.

Доколку сметате дека општеството е виновно, специјалистите ве поддржуваат. Училиштето, пријателите и другите активности во кои се вклучени децата имаат влијание на личниот развој. Но најголем дел од нештата, децата ги учат дома.

8. Заплашувањето не е ефективно

Понекогаш родителите ги заплашуваат нивните деца за да ги смират. Ова можеби функционира, но дали е препорачливо?

Научниците тврдат дека стравот ги користи пониските нивоа на нашиот мозок, па децата не можат да размислуваат за нивното однесување кога се исплашени. Тие ќе бидат исплашени и од полицајци, доктори и други личности што родителите ги користат за заплашување. Покрај тоа, ќе почнат да се плашат полесно подоцна во животот. Па најдете друг, подобар начин за дисциплинирање на децата.

9. Избегнувањето непријатни теми може брзо да ве претвори во баба или дедо

Некои родители избегнуваат да разговараат за секс со нивните тинејџери. Сметаат дека немаат доволно вештини или соодветен вокабулар за таа тема. Исто така се надеваат дека децата ќе научат за сексот од училиштето или пријателите. Ова е неодговорно однесување, а науката го потврдува тоа.

Според едно истражување, од голема важност е да разговарате за секс со вашите деца. На пример, тинејџерите ќе знаат како да употребуваат заштита доколку не го игнорирате овој разговор. И вие и детето ќе бидете нервозни, но тоа е сосема нормално.

10. Претераното фалење предизвикува ароганција

Дали постојано им кажувате на децата дека се посебни и дека целиот свет е нивен? Веројатно сметате дека со ова ќе им ја зголемите самодовербата, но експертите предупредуваат дека тоа може да има и несакани резултати.

Важно е да му покажете љубов на детето, бидејќи тоа ја поттикнува самодовербата. Но доколку претерате, детето може да стане нарцисоидно. Па најдобро е да бидете умерени со пофалбите.

Погледнете и кои се проблемите во однесувањето на децата за кои се виновни родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар