10 грешки кои секој ги прави во својата прва долга врска

10 грешки кои секој ги прави во својата прва долга врска

Доколку за првпат сте во долга врска, тогаш сигурно не знаете како да се однесувате во неа или пак како да постапите во одредени ситуации. Но, не грижете се, не сте единствени. Секој кој е за првпат во долга врска ги прави истите грешки, па затоа погледнете ги овие совети кои можат многу да ви помогнат.

2-10-greshki-koj-sekoj-gi-pravi-vo-svojata-prva-dolga-vrska-www.kafepauza.mk_

1. Се оддалечувате од своите пријател(к)и

Ако во некој период вашата врска ве оддалечи од луѓето кои што ги сакате – тоа не е здраво. Во ред е во некои ситуации да бидете сами со партнерот и нормално дека нема да бидете секогаш во можност да излегувате со вашите пријател(к)и, но ако забележите дека сте отсутни од секој поважен роденден или на ретките средби со семејството, тоа е знак дека вашата врска не е добра за вас.

2. Ги споредувате врските

Теодор Рузвелт убаво кажал: „Споредувањето е крадец на радоста“. Ова е многу важно за вашата врска. Вие и вашиот партнер никогаш нема на ист начин да ги правите нештата како другите. Нема да ја работите истата работа, да го имате истото минато или плати како останатите парови. Па затоа, најважно е да се фокусирате на животот кој заедно го создавате, а не на животот кој мислите дека треба да го имате поради тоа што некој друг го има.

3. Ја форсирате врската

Врските никогаш не се лесни, бидејќи љубовта е комплицирана, но во суштина таа не треба да биде таква. Престанете да је претворате вашата врска во нешто што само вие го сакате и фокусирајте се на сакањето и запознавањето на вашиот партнер. Сето останато ќе дојде на своето место и ќе биде како што треба – сигурно!

1-10-greshki-koj-sekoj-gi-pravi-vo-svojata-prva-dolga-vrska-www.kafepauza.mk_

4. Избегнувате разговор за некои поголеми прашања, додека не станат проблем

Во врска сте веќе една година, работите се одлични, меѓутоа дознавте дека вашиот партнер не сака да има деца, а вие сакате големо семејство. Или тој/таа едноставно не гледа проблем во тоа да работи до доцна навечер за време на викендите, додека вие сакате да поминувате подолго време заедно. Тоа се прашања кои веднаш треба да се решат во врската, бидејќи ако ги оставите нерешени во почетокот, само ќе се претворат во големи проблеми подоцна.

5. Не комуницирате како што треба

Комуникацијата е клучот на здравата и среќна врска. Кога не издвојувате време за разговор во текот на денот, тоа може да прерасне во проблем. Ова може да влијае на вашето расположение и да прерасне во лутина, а на крај да доведе до прекин на интимноста со вашиот партнер.

6. Мислите дека секогаш сè може да биде совршено

Никој не може да биде секогаш совршен. Мора да знаете дека вашиот партнер прави сè најдобро што знае и умее, но не може секогаш сè да излезе супер. Бидете тука да го сакате и подржувате, па дури и покрај тоа што некогаш ќе направи нешто погрешно. Покажете почит кон него/неа, и тој/таа ќе ви покаже вам.

7. Не покажувате почит

Кога ќе влезете во врска со некого, мора да си покажете меѓусебна почит. Ако сте себични и неразумни кон чувствата на партнерот, тоа ќе заврши со раскинување и болка. Почитувајте ги неговите одлуки и неговата личност.

03-10-greshki-koj-sekoj-gi-pravi-vo-svojata-prva-dolga-vrska-www.kafepauza.mk_

8. Ја сакате „идејата“, а не личноста

Понекогаш е лесно да се заљубите во идејата за таа личност, а не во личноста која навистина е. Можеби ви се допаѓа фактот дека таа има многу пари или како изгледа без блуза на себе, но тоа се само површни детали кои може да се променат за една секунда. Важно е да се заљубите во личноста која навистина покажува каква е, а не површните работи кои вас ве прават среќни.

9. Посесивност

Ова е нешто низ кое не поминуваат сите парови, но ако сепак се случи – може да биде лизгав пат до нешто што ќе ве повреди. Кога едната страна е посесивна, другата ќе се чувствува како да не е почитувана и сакана. Во некои случаи, може да доведе до емотивна злоупотреба, па затоа е важно веднаш да ги фрлите тие „црвени знаменца“.

10. Градење на врската врз основа на површни работи

Некои луѓе ја градат врската на работи кои не се вечни. Ако е базирана на сексот, изгледот или парите, постои голема можност дека ќе добиете големи и сериозни проблеми подоцна. Некогаш ќе имате среќа да пронајдете сè во едно, но добро знаеме дека моменталното убаво „мување“ не е исто како долгата и среќна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар