10 грешки кои ги прават жените при купувањето долна облека - Part 2

10 грешки кои ги прават жените при купувањето долна облека

6. Материјал

(6)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mk

Долната облека која е 100% памучна е удобна и безбедна за вашето здравје. Но, памукот многу брзо се растегнува и се кине. За долната облека најдобро е да одберете парчиња кои се 80% памук и 20% ликра.

7. Омилена долна облека

(7)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mk

Многу жени сакаат да носат танга бидејќи изгледа добро и е невидлива под облеката. Но, овие гаќи многу често се направени од синтетички материјали кои можат да ја иритираат нежната кожа и да предизвикаат бактерии. Избегнувајте да носите танга секој ден и одвреме-навреме заменувајте ја со удобни гаќи.

8. Комбинирање на горен и долен дел

(8)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mk

Комплетите долна облека имаат многу позитивни страни. И горниот и долниот дел се направени од ист материјал, а истата боја и дезен ќе направат да изгледате неверојатно и елегантно.

9. Секојдневна долна облека

(9)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mk

Уште една грешка која ја прават жените е тоа што носат свилена долна облека секој ден. Ова може да има неколку негативни последици, од лоша форма на телото до здравствени проблеми. Најдобрите гаќи за секој ден се памучните кои одговараат на сите форми на тело.

10. Долна облека според вашиот тип на тело

(10)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mk

Ако имате тело во форма на круша, поголемиот дел се наоѓа доле, па можете да носите едноставни боксерки или пак, боксерки од чипка. Жените со облини, или со тело како песочен часовник може да носат гаќи со висок струк. Оваа долна облека секогаш ќе си стои на место и ќе се чувствувате удобно.

(11)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mk

Ако имате кратки нозе, избегнувајте боксерки и носете „бикини“ гаќи кои визуелно ќе ги издолжат вашите нозе.

Погледнете и која долна облека може да биде лоша за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар