10 феноменални идеи како да ги носите белите фармерки оваа пролет
Пролетта е идеална за светли бои, па затоа и конечно дојде моментот да ги извадите вашите бели фармерки од гардероберот. Во продолжение споделуваме 10 сјајни идеи за да го комбинирате ова безвремено парче облека и да го носите со стил.
1. Линии
Црно-белата кошула со линии и машки обувки во иста боја се секогаш добар избор заедно со белиот долен дел. Засукајте ги ракавите на кошулата и ногавиците на панталоните за да добиете интересен, модерен изглед.
2. Сина кошула
Кошулата во сина боја која е двапати поголема од бројот што навистина го носите ќе изгледа одлично со тесни бели фармерки. Со црните високи потпетици и каиш, склопени во оваа комбинација, нема шанси да погрешите.
3. Пола работно, пола лежерно
Засуканите, искинати фармерки заедно со кратки чизми, сако и блуза може да бидат добра комбинација за на работа, кога имате можност да облечете нешто полежерно. Тегетот и сивата боја меѓусебно убаво се сложуваат, а белата ќе ги отвори.
4. Трегери
Трегерите изгледаат кул, особено доколку под нив носите еднакво чисто, бела кошула. Детаљот како плик чанта со уникатен дизајн, без сомнение ќе ја освежи комбинацијата. Облечете високи потпетици за да го избегнете премногу лежерниот тон.
5. Црно-бело
Црно-белата комбинација може да ја носите во сите прилики. Сепак, за да не изгледа досадна, додадете некои детали како што се златен часовник, бразлетна или одберете интересна чанта.
6. Тексас
Црната и белата боја одлично се сложуваат со синиот тексас. Всушност, белите фармерки и синиот тексас идеално се вклопуваат за најразлични видови настани.
7. Искинато и елегантно
Повторно уште една половично работна комбинација. Искинатите фармерки и памучната блуза заедно со елегантен, црн мантил, салонки и плик чанта, ќе направат да бидете на границата помеѓу лежерното и софистицираното.
8. Ѕвонарки
Кога ќе облечете потполно бела комбинација, тоа воопшто не значи дека ќе изгледате досадно. Со оглед на тоа дека од ѕвонарските фармерки не ви се гледаат обувките и доколку не сакате да носите ниту чанта, како аксесоар изберете свежо, пролетно цвеќе.
9. Контраст
Ладните пролетни денови искористете ги за да облечете некоја шарена и впечатлива јакна во комбинација со белата боја. На сето тоа, додадете уште еден контраст како што се спортски патики и ќе изгледате супер стилизирано.
10. Опуштено
Полуролката со кратки ракави е доста интересна, но кога ќе посакате да покажете дека знаете да се облекувате модерно, тогаш комбинирајте ја со машки, искинати фармерки и високи потпетици кои ќе направат да изгледате како вистински експерт за мода.