10 факти за ракот, една од најопасните болести на денешницата

10 факти за ракот, една од најопасните болести на денешницата

Ракот за жал не одминува никого. Млади, стари, богати, сиромашни, мажи, жени, деца… Се очекува бројот на дијагнози за една од најсмртоносните болести во светот, во текот на наредните две децении да порасне за дури 70 проценти, наведуваат од Светската здравствена организација. Се тврди дека повеќе од 60 проценти од случаите на рак годишно доаѓаат од Африка, Азија и Централна и Јужна Америка. Токму затоа и од Светската здравствена организација решиле да издвојат десет факти за ракот кои сите ние би требало да ги знаеме.

10 факти за ракот, една од најопасните болести на денешницата

1. Постојат повеќе од 100 видови рак и секој дел од телото може да биде погоден.

2. Во 2008-ма 7,6 милиони луѓе починале од рак, што претставувало 13 проценти од вкупниот број починати во светот за време на таа година.

3. Околу 70 проценти од смртните случаи од оваа болест се случуваат во земји со ниски и средни приходи.

4. Кај мажите најчесто е дијагностициран рак на белите дробови, дебелото црево, желудникот, црниот дроб и хранопроводот.

5. Кај жените најчесто е дијагностициран рак на дојка, дебелото црево, белите дробови, грлото на матката и желудникот.

6. Пушењето е причина за дури 22 проценти од смртните случаи поврзани со ракот. Ова е исто така и најчестата причина на која може да се делува превентивно.

7. Една петтина од сите случаи на рак во светот се предизвикани од некоја хронична инфекција. Да речеме, вирусот ХПВ може да предизвика рак на грлото на матката, додека хепатитис Б може да предизвика рак на црниот дроб.

8. Ракот на дојка, ракот на грлото на матката и ракот на дебелото црево можат да се излечат целосно ако се откријат на време.

9. Може да се ублажат болките на сите пациенти, доколку се применат најновите сознанија и палијативната нега.

10. Можат да се спречат повеќе од 30 проценти од случаите на рак, а СЗО наведува неколку од начините за превенција:

  • Откажување од пушење
  • Здрава исхрана
  • Физичка активност
  • Умерено консумирање алкохол

Во земјите во развој, дури 20 проценти од смртните случаи предизвикани од ракот можат да се спречат со имунизација против хепатитис Б и вирусот ХПВ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар