10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови - Part 2

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

6. Не треба да се депилирате и тетовирате за време на менструацијата

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Некои тату артисти не препорачуваат тетовирање за време на менструацијата, а и козметолозите, исто така, се обидуваат да ги спречат своите клиентки да подлежат на некои процедури како што се инјекции за ботокс и сл.

Сепак, докажано е дека, освен зголемената болка, нема друга причина поради која треба да ги одложите овие активности за по менструацијата.

7. Треба да ја истрпите абдоминалната болка

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Да, речиси сите жени ја доживуваат оваа болка, но нејзиниот интензитет може да варира. Од 45 до 93% од жените страдаат од дисменореа (менструални грчеви). Од 3 до 33% од нив доживуваат силна болка, пропратена со висока телесна температура, повраќање, вртоглавица и други симптоми кои не се пријатни за жените.

Ако дисменореата ве спречува да водите нормален живот, подобро е да се обратите кај гинеколог кој ќе најде соодветен третман. Општо земено, третманот за ова трае 3 менструални циклуси, а ефектите може да траат 2-4 месеци. Тогаш болката се враќа, но не со ист интензитет како претходно.

8. Не може да забремените за време на менструација

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Ова е најверојатно еден од најраспространетите митови. Иако шансите за тоа се многу мали, сепак можете да останете бремена ако имате незаштитен секс за време на менструација.

Теоретски не постојат безбедни денови во кои можете да бидете сигурни дека ќе избегнете бременост. Спермата може да живее во женското тело и до една седмица, па ако имате рана овулација, голема е веројатноста да дојде до оплодување на јајце клетка.

9. Циклусот зависи од месечевите фази

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Овој мит доаѓа од античко време, а современите студии не можат да најдат никаква врска помеѓу фазите на месечината и датумите кога почнуваат менструалните циклуси.

Месечевиот циклус трае околу 29 дена, додека просечниот менструален циклус може да варира од 21 до 35 дена. Должината на циклусот може да се промени во текот на животот на жената. Фазата и циклусот може да се совпаднат ако циклусот трае 29-30 дена, и всушност е само случајност.

10. Опасно е да го одложувате вашиот циклус со комбинација на орални и контрацептивни пилули

Секоја жена посакала да го одложи својот циклус барем еднаш во животот. Некои жени не користат пилули затоа што мислат дека тие можат да влијаат на нивното здравје.

Но, експертите докажаа дека одложувањето на вашиот циклус нема лошо влијание врз здравјето. Во некои случаи дури е и корисно, на пример, кога жената страда од дисменореа. Се разбира, не е препорачливо редовно да го користите овој метод.

Дознајте и неколку трикови кои ќе ви помогнат полесно да ги преживеете деновите кога имате циклус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар