10 едноставни трикови со чија помош можете да изгледате послаби (без диета и изгладнување)

10 едноставни трикови со чија помош можете да изгледате послаби (без диета и изгладнување)

Убавиот изглед не зависи само од вашата тежина. Добро балансираната исхрана (никогаш не го прескокнувајте појадокот), која не вклучува одрекување од оние јадења кои ги обожавате, во комбинација со следниве трикови можат да ви помогнат да го постигнете токму тоа.

10 едноставни трикови со чија помош можете да изгледате послаби (без диета и изгладнување)

1. Носете високи потпетици – Тие ќе додадат сексапил на вашиот изглед, без разлика каква фигура имате. Нозете ќе ви изгледаат подолги, додека пак останатиот дел од телото повитко.

2. Чувајте се од пријателите кои обожаваат многу да јадат – Кога сте на вечера со пријател/ка кој/а наместо лесен оброк, порачува стек и помфрит, а потоа и десерт, големи се шансите дека и вие ќе го порачате истото.

3. Кога јадете, целосно посветете ѝ се на храната – Мултитаскингот е строго забранет кога станува збор за јадењето. Немојте да гледате телевизија, ниту пак да сурфате на интернет додека јадете, бидејќи на тој начин ќе изедете многу повеќе одошто на вашето тело му е потребно. Исто така храната треба да се консумира кога сте гладни, а не кога ви е здодевно. Слушајте го желудникот, не вашите емоции.

4. Пронајдете го вашиот стил – Не е трикот во тоа што го носите, туку начинот на кој го носите. Треба да одбирате облека во која се чувствувате удобно, но и која другите ќе ја забележуваат.

5. Секси долна облека – Ако сте како поголемиот број девојки на овој свет, тогаш големи се шансите дека ја чувате убавата долна облека само за посебни прилики. Но, верувале или не, дури и за најобичните работни денови, таа може да биде одличен начин да ја подобрите вашата самодоверба.

6. Купувајте свежи намирници – Кога составувате листа од намирници, обидете се на неа да ставите што помалку храна која се наоѓа во кутии и конзерви. Колку е посвежа, толку помалку адитиви и останатите хемии содржи, па автоматски е и поздрава.

7. Тесни црни пантолони – Тие прават чуда со долниот дел од вашето тело. Нозете ќе ви изгледаат потенки и ќе ги прикриваат сите маани и несовршености кои се наоѓаат на нив.

8. Зголемете ја самоконтролата за време на јадењето – Кога станува збор за порциите, помалку е секогаш повеќе. Токму затоа и следен пат кога пред вас ќе се најде чинија преполна со вашата омилена храна, сетете се дека не мора да изедете сè што се наоѓа во неа.

9. Внимателно со „здравата“ храна – Не е секоја салата здрава. Сосема е во ред да направите зелена салата, со морков, цвекло и патлиџан. Но, ако на оваа комбинација додадете јајце, шунка и некаков вид додаток за салата, тогаш исто како да сте изеле и порција брза нездрава храна.

10. Одбирајте храна која ќе ви помогне при согорувањето на мастите – Следен пат кога ќе одите во маркет, купете грејпфрут, јаболка, маслиново масло, семки од сончоглед, лук, боровинки и бадеми. Тие не само што добро ќе ве заситат, туку и ќе ви помогнат брзо да ослабете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар