10 едноставни романтични гестови поради кои тој ќе ве засака уште повеќе
Кога некого љубите, природно е да сакате тоа и да му го покажете. А за да ја покажете вашата љубов, навистина не е потребно многу. Доволни се само мали знаци на внимание – што почесто, толку подобро. Па, доколку ви е потребна мала помош, ви предложуваме неколку едноставни романтични идеи кои ќе ви помогнат уште повеќе да го освоите неговото срце.
1. Разбудете се порано, пред него и направете му појадок. Поставете го појадокот во креветот и дозволете му да се разбуди покрај вкусната миризба на домашно подготвениот оброк.
2. Ако наутро немате доволно време, тогаш од претходната вечер организирајте романтична вечера во домашна атмосфера. Вклучете го неговото омилено јадење и чаша вино.
3. Доколку периодов сте премногу зафатени, време е да одвоите квалитетно време еден за друг. Испланирајте прошетка низ центарот, забавувајте се и заборавете на сите грижи.
4. Испратете му убава порака, добро составен мејл или љубовно писмо во торбата за лаптоп. Постојат толку многу начини на кои можете со убави зборови да го изненадите во текот на денот.
5. Ако времето ви дозволува, подгответе му поголемо дневно изненадување. Никогаш не е лошо без најава да се појавите на неговата работа и да го изведете на кратка прошетка во паркот.
6. Никој не би одбил масажа по долгиот работен ден. Имајте го тоа на ум во текот на наредната недела и сигурни сме дека тој ќе знае точно како да ви се одолжи.
7. Покажете интерес за нештата кои го интересираат. Исто така, секогаш бидете во тек со излегувањето на неговите омилени филмови или натпреварите на неговиот спортски тим.
8. Научете неколку нови трикови за спалната соба. Нема потреба од дополнително објаснување.
9. Предложете му да ги повика сите пријатели и да се забавуваат на типично машки начин. Со тоа не само што ќе го освоите него, туку и неговите пријатели.
10. Организирајте викенд излет, далеку од градската врева. Мажите обожаваат авантури, па никогаш не би згрешиле доколку предложите нешто возбудливо за слободното време.