10 едноставни навики на девојките со прекрасна коса
6. Чешлајте ја косата секојдневно
Доколку имате подолга коса сигурно ја чешлате неколку пати во текот на денот. Но, исто важно е да ја чешлате пред секое миење. Секој ден паѓаат околу 100 влакна кои може да се заплеткаат во останата коса, па чешлањето пред миење ќе го реши овој проблем.
7. Правете третмани со кератин
Кератинот е протеин кој се наоѓа во косата, кожата и ноктите. Кога вашата коса е оштетена од разни третирања тоа значи дека нејзиното ниво на кератин е намалено. Но благодарение на модерната технологија можете да го вратите кератинот во вашата коса со кератински третман. Оваа техника се состои од ставање течен кератин на косата, сушење, а потоа пеглање.
8. Скратувајте ја косата на секои 2 до 3 месеци
Ако сакате силна коса, треба редовно ја да кратите. Можеби нема да расте побрзо, но сигурно ќе расте поздраво. Со редовно скратување на косата вие ја спречувате појавата на распукани врвови и ѝ овозможувате на косата да биде здрава и да расте подолга. Ова се препорачува и за девојки кои сакаат да ја растат својата коса.
9. Масирајте го скалпот
Стимулацијата на скалпот не само што има одлично чувство туку и го зголемува крвотокот, на тој начин овозможувајќи ѝ ги потребните хранливи материи на косата. Ако не можете да си дозволите масажа во салон, едноставно самите протријте го скалпот на неколку минути.
10. Ставајте масло на врвовите
Маслата не се само за готвење, тие се одлични за вашата коса бидејќи ја навлажнуваат во текот на целиот ден. Најпознато е аргановото масло кое е полно со витамините А и Е и омега 6 масни киселини. Други масла кои се одлични за вашата коса се маслиновото, кокосовото и маслото од јојоба.
Погледнете ги и овие совети за густа и сјајна коса.