10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Бидејќи забите не се регенерираат сами, од голема важност е да го одржуваме нивното здравје. Заболекарите постојано споделуваат едноставни начини со кои можете да ја подобрите состојбата на вашите заби и да ја спречите појавата на кариес. Во продолжение погледнете ги 10-те наједноставни совети што ќе ви помогнат во ова.

1. „Влечење“ со масло

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

„Влечењето“ со масло е техника за чистење што ја спречува појавата на кариес така што ги отстранува бактериите. Одберете масло со антисептичко и антибактериско својство, како кокосово или масло од сусам, и користете го како средство за плакнење на устата. По 20 минути исплакнете ја устата со вода.

2. Намалете со јадењето шеќер

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

На сите ни е јасно дека шеќерот ги уништува нашите заби. И овде не спаѓа само шеќерот во слатките, туку и оној во лебот, овошјето и компирите. Најдобро е да се обидете да ја избегнувате секоја храна со премногу шеќер. Ако сепак не можете да се откажете од газираните пијалаци или гумите за џвакање, најдете алтернатива без шеќер.

3. Мијте ги забите два пати дневно

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Можеби ги миете забите наутро како дел од вашата рутина, но тоа не е доволно. Исто важно е да ги измиете забите и навечер пред легнување. На овој начин ќе ги отстраните остатоците од храна и бактериите кои предизвикуваат кариес.

4. Четкајте го јазикот

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Забите и непцето не се единствените места на коишто се таложат бактериите. Тие се наоѓаат и на вашиот јазик. Секогаш кога ги миете забите исчеткајте го и вашиот јазик, а можете да инвестирате и во посебна четка за негово чистење.

5. Обрнете внимание на малите детали

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Кога станува збор за оралното здравје, никогаш не заборавајте на малите нешта. Ако непцето ви изгледа црвено, ако забележите чудна боја на плунката или ако имате и најмала болка во устата, веднаш посетете го вашиот заболекар. На овие начини вашето тело ви кажува дека нешто можеби не е во ред.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар