10 домашни третмани за намалување на видливоста на лузните
Скоро сите имаме по некоја лузна, која без разлика дали е многу видлива или не, секако нам лично ни пречи. Причините за појава на лузни може да бидат различни, од гребаници и акни, до гризнувања и посекотини. Но, за да ги отстраните, не мора да купувате скапи козметички производи. Употребете обични продукти за да направите козметички препарати во вашиот дом.
1. Третман со лимон
Земете еден лимон, пресечете го на половина и со едниот дел тријте по лузната. Лимонот е природен избелувач кој ќе ја намали видливоста на оваа несовршеност на кожата. Дополнително, пијте свежо цеден сок од лимон без засладувачи во рок од 15 дена.
2. Јогурт, магдонос и куркума
Измешајте во еднакви делови јогурт, магдонос и куркума. Со добиената паста намачкајте се на лузната.
3. Алое вера
Оваа билка ја има во многу козметички производи со причина. Преполовете свежи листови од алое, па со добиената течност намачкајте се на лузната.
4. Бадеми
Потопете бадеми во топла вода и оставете ги да седат така преку ноќ. Наутро извадете им ја лушпата, направете ги пире, па додадете малку вода и направете крема за отстранување лузни.
5. Природни масла
Природните масла често се одлични избелувачи на лузни. Во тоа со сигурност ќе ви помогнат маслиновото, кокосовото и маслото од лаванда.
6. Сода бикарбона
Измешајте 5 лажици сода бикарбона со една лажица вода додека не добиете добра паста. Намачкајте се на лузната и оставете да седи додека не се исуши на кожата, а потоа измијте се со топла вода. Повторувајте ја оваа постапка по 3 пати неделно додека сосема не ја отстраните лузната.
7. Јаболков оцет
Нанесете јаболков оцет директно на кожата и оставете да стои 10-тина минути, па измијте со вода. Можете да го искомбинирате и со вода во размер 1:2, па со овој раствор да го миете лицето за длабински да ја чистите кожата. После миењето нанесете хидратантна крема.
8. Лук
Изгмечете едно чешне лук, па течноста нанесете ја со прст директно на лузната. Лукот е природен антибиотик, па можете да го оставите слободно да делува минимум 15 минути пред да го измиете.
9. Аспирин
Згмечете две апчиња Аспирин, изгмечете ги со малку вода и добиената паста нанесете ја на лузната.
10. Други производи кои ги имате дома
Во отстранувањето на лузните можат да ви помогнат и краставиците, доматите, свежиот компир, медот и коцките мраз. Со овие намирници редовно тријте врз неправилностите на вашата кожа за да ја избелите и на тој начин да го изедначите тенот, како и да ги направите лузните помалку видливи.