10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјето
Без разлика дали ги лекуваат болестите, го чистат воздух или ја подобруваат енергијата во просторот, исполнете го вашиот дом со овие растенија. Тие не бараат некоја посебна грижа, а вие ќе имате многу придобивки од нив.
1. Чили
Овој зачин го стимулира согорувањето на калориите и го забрзува метаболизмот, го намалува нивото на холестерол и триглицериди во крвта и спречува формирање на тромби. Богат е со капсаицин, кој му дава лутина, но создава и топлина во организмот, а со тоа го стимулира ослободувањето на ендорфин, што придонесува за чувство на удобност и релаксација.
2. Алое вера
Сочниот и проѕирен гел од лисјата содржи неколку антрахинони, аминокиселини, ензими, лигнин, стероли, сапонини, витамини и минерали. Редовно додавајте алое во вашиот утрински пијалак за да го олесните варењето на храната и да ја намалите појавата на чир, хемороиди, инфекции на уринарниот тракт, ревматизам и артритис, а може да ви помогне и во регулирање на шеќерот и на холестеролот.
3. Босилек
Босилекот има антиинфламаторно дејство, помага при артритис и воспалителни заболувања на цревата. Има антибактериски својства, го зајакнува имунитетот, го намалува холестеролот и со тоа ги штити срцето и крвните садови. Богат е со бета-каротен, кој се претвора во витамин А во организмот и содржи антисептички состојки кои ги уништуваат штетните бактерии во храната.
4. Рузмарин
Со векови е познат како подобрувач на меморијата. Засадете рузмарин во саксија и ставете го на местото каде што учите, читате или каде што често престојувате бидејќи самиот мирис на ова растение може да ги подобри меморијата и функцијата на мозокот. Исто така, го намалува нивото на кортизол, хормон кој се лачи кога сте под стрес.
5. Лаванда
Есенцијалното масло има смирувачки мирис, кој помага при лекување на главоболки, анксиозност, депресија, напнатост и стрес, го ублажува заморот и ја зголемува менталната активност. Есенцијалното масло може да се користи за масажа и помага при ревматски болки и болки во мускулите. Мирисот на лаванда во собата ќе ви помогне и против несоницата.
6. Спатифилиум
Ако имате многу електрични уреди во вашиот животен или работен простор, ќе имате многу придобивки од ова растение бидејќи штити од штетното зрачење. Спатифилиумот ја апсорбира електростатската енергија што ја емитираат електричните уреди и ја претвора во хемиска енергија, која ја користи за сопствените метаболички процеси и за раст.
7. Папрат
Папратот го балансира нивото на влажност во просторијата и е одличен за луѓето со сува кожа бидејќи го навлажнува воздухот и го чисти од полен. Исто така, купката со свежи лисја од папрат може да ја ублажи ревматската болка.
8. Сансеверија
Познато е како растение кое апсорбира јаглерод диоксид и произведува најмногу кислород, и тоа ноќе, додека повеќето растенија го прават тоа преку ден. Затоа е идеално за спалната и за дневната соба.
9. Орхидеја
Ова растение се смета за исклучително моќно во поттикнувањето на позитивната енергија. Дава чувство дека го заслужувате само најдоброто. Според фенг шуи, орхидејата е симбол на раст и напредок и се става на места каде што е потребно да се поттикне позитивната енергија.
10. Роза
Истражувањата покажаа дека мирисот на роза ги прочистува мислите и ви овозможува да се фокусирате на она што ви е важно и го подобрува вашето расположение. Ливчињата од роза содржат есенцијални масла, танини, шеќер, лимонска, јаболкова и винска киселина, како и голем број ароматични активни состојки.
Прочитајте кои се 10-те билки што Индијнците ги користеле за лекување.