10 докажани начини за луѓето околу вас да ве сфаќаат посериозно

10 докажани начини за луѓето околу вас да ве сфаќаат посериозно

Тоа што сте паметни, промислени и компетентни, не значи дека сите околу вас ве гледаат на таков начин. Всушност, треба да покажете многу повеќе од тоа, за вашите пријатели и колеги да ве сфаќаат сериозно, почнувајќи од изборот на облека во соодветна ситуација, па сè до начинот на зборување и говорот на телото. Прочитајте што сè треба да подобрите кај себе за и другите да ве перципираат на начин каков што сакате.

10 докажани начини за луѓето околу вас да ве сфаќаат посериозно

1. Пристигнувајте на работа точно навреме или малку порано

На овој начин оставате подобар впечаток кај работодавецот, но и го зголемувате својот кредибилитет. Исто така, вашата работа е поквалитетна и се гледа со поголема почит. Немојте да мислите дека ако стигнете подоцна, надополнувате со прекувремената работа. Но, ако сепак мислите дека сте попродуктивни по 10 часот, можете да се договорите, доколку политиката на фирмата дозволува, да имате прилагодено работно време.

2. Научете да одбивате

Тоа што прифаќате голем број работни задачи не ве прави професионални, напротив, треба цврсто да застанете зад тоа што умеете да го работите во рамките на предвиденото време. Доколку добиете дополнителна работна задача, која ја преполнува вашата агенда, најдобро е да го известите претпоставениот за тоа и да понудите алтернативно решение со поинакви рокови или прилагодени обврски. Не се согласувајте слепо на секој предлог, бидејќи ако не посочите, претпоставениот најчесто не е свесен дека ве преплавил со обврски кои не можете да ги издржите.

3. Пишувајте едноставно и разбирливо

Можеби имате висок стил на изразување и богат вокабулар, но кога треба да се обратите до претпоставен или до колега, комуникацијата треба да биде што поразбирлива, без да се расфрлате со комплицирана терминологија што вие самите добро ја владеете.

10 докажани начини за луѓето околу вас да ве сфаќаат посериозно

4. Бидете и пристапни и компетентни

Формулата за успех е во исто време да бидете и пријателски настроени кон своите колеги, кои ќе ви возвратат со почит кон вашата компетентност, без да морате да ја нагласувате. Бидете личност на која може да ѝ се верува.

5. Средете ја брзината на говорот

Прилагодете го тонот, но и брзината на зборување. Искажувајте јасни мисли, целосни реченици и секогаш преминете на поентата, без многу воведи и дополнителни објаснувања. Во суштина, не треба да бидете бавни во изјаснувањето, туку тоа треба да го направите доволно брзо, но и доволно јасно, особено кога се работи за работата.

6. Дозволете и другите да зборуваат за себе

Ова е едноставен чекор кој може да ви донесе многу поени меѓу луѓето со кои комуницирате. Не само што ќе им дозволите да зборуваат за себе, туку охрабрете ги и да бидат поотворени и да не ги кријат проблемите. Научно е докажано дека кога им е дозволено да се изјаснат, луѓето чувствуваат олеснување и задоволство.

10 докажани начини за луѓето околу вас да ве сфаќаат посериозно

7. Внимавајте на облеката

Во зависност од ситуацијата, треба да биде прилагоден и вашиот изглед. Не треба да ве потсетуваме дека средената коса и уредните нокти се задолжителни, а облеката треба да биде чиста, да одговара на формата на вашето тело и да биде соодветна на работното место. Доколку имате контакт со луѓе и клиенти, формалноста има предност, дури и да е неудобна.

8. Внимавајте и на ракувањето

Избегнете силен стисок, но не смеете и да се ракувате млитаво. Во текот на кариерата ќе бидете доведени во многу ситуации каде треба да се ракувате со некого. Затоа, краток контакт со очите, целосен „фат“ и кратко лесно затресување со раката се доволни. Ако се насмевнете, тогаш добивате и уште еден плус во вашата сериозност.

9. Бидете во тек со новостите

Иако можеби вашата работа не е поврзана со актуелните настани дома и во светот, потребно е да знаете што се случува. Следете медиуми, затоа што на тој начин ќе ги проширувате и своите знаења, но и ќе бидете во тек со евентуалните новости во вашата област.

10. Раскажувајте приказни и анегдоти

Секогаш кога треба да одржите состанок или да се изјасните пред претпоставениот, освен техничките детали поврзани со работата, додадете и нешто лично. Тоа прави да изгледате попристапни, отколку само механички да ја вршите својата работа.

Прочитајте ги и овие 10 знаци кои покажуваат дека го жртвувате своето здравје поради работата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар