10 цврсти верувања според кои живеат среќните луѓе
Сите ние имаме потреба да веруваме во нешто. Некои се вртат кон религијата, некои се посветуваат на работата, трети веруваат во семејството и нивните блиски. Но можеби најважното нешто кое за жал често го забораваме, е дека прво мора да веруваме во самите себе ако сакаме да достигнеме состојба на среќа и задоволство. А бидејќи сите сме различни, секој на свој начин мора да се избори за тоа. Доколку сѐ уште не го знаете вашиот начин, можеби следниве неколку верувања според кои се водат среќните луѓе ќе ви помогнат.
1. Сѐ што ви се случува ве подготвува за тоа што сте го посакувале
Ништо не е розово, па најчесто токму пред самиот успех се соочуваме со најтешките предизвици. Но во најголем дел од случаите, баш тие нè подготвуваат за тоа што следува и кон кое сме целеле.
2. Сите работи си доаѓаат на свое место со тек на време
Не секогаш ни е јасно зошто некои работи се случуваат ниту, пак, некои работи можеме да ги промениме. Но сѐ во даден момент ќе има смисла, а на нас е да бидеме најдобри што можеме и да се справуваме најдобро што знаеме со сѐ што ќе се најде на нашиот пат.
3. Пречките на патот не ве дефинираат, туку само ве освестуваат
Факт е дека работите не одат секогаш како подмачкани. Па наместо да губите време на тоа зошто нешто не е како што треба, прифатете го тоа како искуство и лекција од која може да научите.
4. Не можете да побегнете од минатото
Што се случило, се случило. Враќање назад нема, а и да имаше, дали ќе постапевте поинаку? Веројатно не. Затоа научете да простувате, прво себеси, па и на другите, за да може конечно да се ослободите од сите стеги и решително да се посветите на сегашноста.
5. Ниту една работа нема навистина да исчезне сѐ додека од неа не ја извлечете целата лекција која таа ја носи со себе
Дали некогаш сте ја направиле не еднаш, туку неколку пати истата грешка? Тоа е затоа што уште првиот пат не сте ја научиле добро лекцијата од неа. Бегањето од проблемите не е решение. Како среќни и здрави луѓе, истражете длабоко во себе која е вашата улога во целата ситуација, соочете со неа и никогаш повторно не правете ги истите чекори.
6. Не секогаш го добивате тоа што го сакате, но ќе го добиете тоа што ви е потребно
Иако работите не излегуваат можеби онака како што сме ги замислиле и посакале, сепак поставената цел финално нè води кон она што всушност цело време ни било потребно. Па наместо што сте добиле на крајот, сконцентрирајте се на самото патување кое ве довело до таму и сите придобивки кои одат со него.
7. Не сте оставени сами на себе
Што и да правите, не го правите тоа сами. Секогаш има луѓе кои делејќи го вашето мислење ќе сакаат да ви помогнат и да ве поддржат. И секако, она што ве води и ќе ве донесе до поставената цел е верувањето дека нештото може да биде направено.
8. Крајот на една патека е секогаш почеток на друга
Дури и кога ви се чини дека нема каде да се оди понатаму, верувајте дека има и продолжете да го барате тој пат. Среќните луѓе не се откажуваат и разочаруваат толку лесно и веруваат дека токму тоа што следува ќе биде нешто подобро. Верувајте и вие.
9. Секогаш верувајте му на процесот
Среќните луѓе веруваат дека сѐ што се случува е дел од финалето, па со тоа самото патување е скоро секогаш многу поважно од самата цел. Прифатете и уживајте во сѐ што се случува, па посакуваната цел ќе ви дојде како јаготка на тортата.
10. Поседувате неверојатна енергија која му е потребна на светот
Совршени сте такви какви што сте и тоа е сосема доволно.
Мора да веруваме дека можеби не сѐ е така како што изгледа и дека дури и кога ни се чини дека сѐ се распаѓа, сепак постои начин да биде подобро. На крајот на краиштата, сите трагаме по среќата и тоа чувство на исполнетост кое единствено ќе го најдеме ако веруваме дека можеме. А ако не веруваме, тогаш која е поентата?
Nisto ne e tolku loso kolku sto izgleda I nisto nema da ne napravi tolku srekni kolku sto mislime