10 цинични ставови кон животот кои не се секогаш точни
6. Наивноста е знак на слабост
Да се претпостави дека некој е неук за животот само затоа што е малку наивен, е исто како кога претпоставувате дека секогаш знаете што е најдобро. Со други зборови, секој начин на размислување има своја цена. Покрај тоа, изгледот може да ве измами! Само затоа што некој одбрал да живее на посветлата страна од животот, не значи дека тоа е сè што знае.
7. Романтиката ја има само во бајките
Точно е дека не треба да го засновате вашиот љубовен живот на она што го читате во книгите. На вистинската романса ѝ е потребно време и трпеливост, но добро е ако најдете некој што ќе го прави истото и за вас. Исто така, запомнете дека има секаков вид љубов што е исто толку важна колку и романтичната, а може да се пронајде во пријателствата, семејството и во вашиот духовен живот – неопходно е да се сакате себеси.
8. Навредите ги покажуваат нештата какви што се
Можеби мислите дека правите добро дело навредувајќи го изгледот или навиките на некоја личност. Но, знаете што: повеќето невешти луѓе знаат дека се невешти. Повеќето тивки луѓе знаат дека се тивки. Тие нема да се променат со тоа што вие ќе им укажете на тоа. Никому не правите услуга со тоа што го понижувате за работи што тој веќе ги знае и со кој се справува.
9. Луѓето никогаш не се менуваат
Никој не е природно добар или лош. Ретроактивно сме добри или лоши заради изборите што ги правиме во животот и нашите намери зад нив. Едно е да бидете загрижени за некој што тврди дека се променил, а само се залажува себеси. А, сосема друга работа е да се однесувате како луѓето никогаш да не се менуваат; тоа е исто како да го негирате нивното право на слободна волја.
10. Сите се виновни додека не се докаже нивната невиност
Како прво, сите се понекогаш сомнителни. Постојано се случува луѓето да бидат обвинети за работи што не ги направиле. Не заборавајте дека некогаш жените биле спалувани на клада под обвинение дека се вештерки… што реално не постојат. Покрај тоа, светот никогаш не е толку црно-бел. Дури и кога некој згрешил, неговата вина може да биде претерано зголемена или целосно извадена од контекст.
Можеби сакате да ги прочитате и како да го претворите цинизмот во позитивен став.