10 цинични ставови кон животот кои не се секогаш точни

10 цинични ставови кон животот кои не се секогаш точни

Да се биде циничен е еден вид одбранбен механизам: ако не се надевате премногу, веројатно нема да бидете премногу разочарани кога работите нема да се одвиваат како што сте посакувале. Но, понекогаш може да се претера со цинизмот. Многу идеи што песимистите ги сметаат за непишани правила едноставно не се вистинити и може да направат повеќе штета отколку корист. Но, не е секогаш така. Понекогаш треба да погледнеме на светлата страна од животот.

10 цинични нешта кои не се секогаш точни

Во продолжение следуваат некои причини зошто ставот кон животот дека нештата се безнадежни не е секогаш вистинит.

1. Бракот е само стапица

10 цинични нешта кои не се секогаш точни

На бракот треба да му се посвети време и многу труд, но тоа вреди на крајот. Ние сме социјални суштества и си требаме едни на други, а бракот го рефлектира тоа во најчиста форма. Луѓето треба да се грижат и да се жртвуваат едни за други. Бракот е само стапица ако си дозволиме да веруваме дека е тоа. Да не се залажуваме, има многу момчиња кои сонуваат да стапат во брак кога ќе пораснат исто како и малите девојчиња.

2. Децата само земаат од нас, а ништо не добиваме за возврат

10 цинични нешта кои не се секогаш точни

Децата ни даваат многу: љубов, дружба и можеби најважното, некој што ќе се грижи за нас кога ќе остариме и нема да можеме да се грижиме самите за себе. На крајот на краиштата, често забораваме дека и ние некогаш сме биле мали и правилно е да им го овозможиме на нашите деца тоа што ни го овозможиле нашите родители, а нашите деца ќе го направат истото за своите деца кога ќе пораснат. Тоа е кругот на животот!

3. Луѓето секогаш сакаат да земат нешто од вас

10 цинични нешта кои не се секогаш точни

Запомнете, кога мислите дека луѓето сакаат да ве искористат, вие како да се ставате себеси на пиедестал. Секој е херој на сопствената приказна. Со други зборови, луѓето имаат свој живот и свои проблеми, така што веројатно не го трошат своето време смислувајќи нови начини како да ви се спротивстават или да ве искористат.

4. Секогаш треба да се подготвите за најлошото

10 цинични нешта кои не се секогаш точни

Не трошете време да бидете премногу песимистични. Животот е исполнет со добри и лоши моменти и работи што се надвор од нашата контрола. На крајот, животот е, исто така, она што самите го создавате. Ако очекувате лоши работи, тие ќе почнат да ви се случуваат. Само кога гледате оптимистично на нештата, се случуваат позитивни работи.

5. Да се биде груб значи да се биде реален

10 цинични нешта кои не се секогаш точни

Некои луѓе мислат дека грубоста е знак на оригиналност. Секој човек, колку и да го потценувате, заслужува основно почитување. Не мора да бидете пријател со сите, но нема причина да сметате дека имате право да бидете груби и безобѕирни кон другите. Понекогаш дури и кога луѓето се љубезни може тоа да не изгледа реално, но таквиот став веројатно го рефлектира светот каков што сакаме да биде, а не како што е.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар