10 чудни прашања поставени на интервју за работа
Автор: Маја Линкова
Колку крави има во Канада? Колку жаби треба да проголтате додека најдете работа? Кандидатите понекогаш мора да се справуваат со чудни прашања на интервјуата за работа, па дури и со лични и тимски задачи. Дури и да изгледа непотребно, сепак треба да се обидете да останете со позитивен однос до крајот на интервјуто.
Со цел да се извлечат повеќе информации од кандидатите, без да користат редовно исти прашања, работодавците пробуваат да бидат пооригинални. Еве 10 од најдобрите чудни прашања поставени на интервју за работа:
„Ако можете да се ослободите од една држава во САД, која би била таа?“ (Форестер)
„Колку крави има во Канада?“ (Гугл)
„Еден пингвин со сомбреро штотуку влезе во собата – што ни кажува тој и зошто е овде?“ (Кларк Констракшн Груп)
„Мојата жена и јас одиме на одмор. Каде би ни предложиле да одиме?“ (Прајсвотерхаус Куперс)
„Која е вашата омилена песна? Изведете ја пред нас.“ (Ливинг соушл)
„Дали некогаш сте украле пенкало од вашето работно место?“ (Џифи Софтвер)
Луѓето одговориле: „Да, но не беше намерно“ и „Да, се има случено неколку пати, но секогаш го враќам штом ќе забележам.“
„Одберете две славни личности кои би ви биле родители.“ (Урбан Аутфитерс)
„Ако бевте кујнски прибор, што ќе бевте?“ (Bandwidth.com)
„Од 1 до 10, како би ме оцениле како интервјуер?“ (Крафт фуд)
„Ако можевте да бидете некоја друга личност, која ќе бевте?“
Кога интервјуерот ви поставува необични и непредвидливи прашања, прашања за кои не би ни сонувале, прво кажете си: „Овој работодавец е креативен, ова би било забавно место за работа.“ Секогаш е препорачливо да се смеете и да одолговлечете велејќи: „Тоа е интересно прашање“, а на крајот ќе треба да одговорите со ваш личен одговор и мислење. Не обидувајте се да го најдете точниот одговор, бидејќи тој не постои. Само изнесете ја вашата вистина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.