10 чудесни работи кои не сте ги знаеле за мајчиното млеко
Знаете ли каков вкус има мајчиното млеко и колку калории троши доењето? Пронајдовме десет интересни информации за мајчиното млеко што ги знаат само мал број жени.
1. Произведувањето мајчино млеко троши 25% од енергијата на телото. За споредба, мозокот троши само 20% енергија.
2. Мајчиното млеко им помага на жените при губењето килограми, односно во враќањето на телесната тежина пред бременоста. За произведување на мајчино млеко телото троши околу 600 до 1.000 калории секојдневно.
3. Составот на млекото се менува како што расте бебето. На почетокот тоа има синкава боја и водена структура, а при крајот на доењето е погусто и пополно со маснотии, односно калории кои се потребни за раст и развој на силно дете.
4. На секого би му досадило од ден во ден да јаде иста храна. Но, мајчиното млеко нема секогаш ист вкус. Тој се менува во зависност од тоа што јадела мајката. На овој начин бебето се подготвува и за вкусовите на крутата храна која наскоро ќе почне да ја јаде.
5. Млекото не излегува само од едно дупче. Секоја брадавица има неколку минијатурни отвори кои испуштаат млеко, а бројот варира од жена до жена.
6. Бебето испразнува околу 65% од млекото во дојката за еден оброк, бидејќи јаде до ситост, а не додека не го исцица целото млеко.
7. Дека дојките не се со иста големина, е добро познат факт. Но, дали сте знаеле дека околу 75% од жените произведуваат повеќе млеко во десната дојка, која се смета за доминантна? Овој податок не е поврзан со тоа дали жената е десничарка или левучарка.
8. Мајчиното млеко го содржи хормонот за сон – мелатонин, кој го заспива бебето. Една студија покажала дека тримесечните бебиња кои се хранат исклучително со мајчино млеко спијат за 45 минути повеќе отколку другите бебиња.
9. Мајчиното млеко е уникатно како отпечаток од прст – не постојат два исти примерока. За мајката и нејзината исхрана зависи изгледот, но и вкусот на нејзиното млеко.
10. Од мајчиното млеко може да се направи дури и сирење. Еден готвач од Њујорк, Ричард Адамс од млекото на својата сопруга направил сирење и го послужил во својот ресторан. Кажал дека има суптилен вкус со слатки ноти, но и дека има мека конзистенција како пана кота.
Погледнете го ова интересно видео во кое неколку возрасни пробуваат мајчино млеко и го оценуваат неговиот вкус.