10 активности што ќе ви помогнат да се поврзете со вашите деца подобро и посилно

10 активности што ќе ви помогнат да се поврзете со вашите деца подобро и посилно

Клучен аспект на позитивното родителство е поврзувањето со децата, што може да се постигне преку допири, смеење, слушање, поминување квалитетно време заедно и доживување заеднички искуства односно играње игри. Истражувањата покажале дека ако детето има стабилен однос со барем еден родител, тоа ќе ужива во придобивките од тој однос подоцна во животот.

10 активности што ќе ви помогнат да се поврзете со вашите деца подобро и посилно

Овие 10 активности ќе ви помогнат подобро да се поврзете со вашите деца:

1. Седнете на подот со вашите деца и играјте сè што тие сакаат да играат барем 10 минути секој ден. Следете ги нивните инструкции.

2. Започнете го денот позитивно. Прегрнувајте ги децата и секое утро кажувајте им колку ги сакате.

3. Дозволете им на вашите деца барем 10 минути пред спиење да ви раскажат што им се случувало во текот на денот и кои биле позитивните и негативните искуства што ги доживеале.

4. Играјте со вашите деца барем еднаш дневно.

5. Забележете најмалку 3 ситуации во текот на денот кога вашите деца биле добри. Таканаречениот „волшебниот размер“ значи 5 позитивни и 1 негативна интеракција во текот на денот. Тоа ќе ви помогне да имате подобар однос со децата.

6. Слушајте музика со вашите деца, пејте им или оставете ги тие да ви пеат.

7. Излегувајте надвор со вашите деца барем еднаш дневно минимум 10 минути.

8. Секогаш вечерајте заедно и разговарајте пријателски.

9. Читајте им на децата барем 3 малечки раскази во текот на денот. Дозволете им да ви седат во скутот или да се прилепат до вас.

10. Дајте им на децата улоги или задачи со кои на некој начин ќе придонесат во домаќинството. Нека спаруваат чорапи, нека ги постават чиниите, нека ја избришат масата и сл.

Прочитајте дали играчките или патувањата се подобри за развој на детскиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар