10-20-30: Тренинг кој одзема 12 минути, а резултатите се одлични

10-20-30: Тренинг кој одзема 12 минути, а резултатите се одлични

Ако мотивацијата е клучот за успехот, тогаш интензивните тренинзи се успешни само доколку сте доволно мотивирани. Станува збор за тренинзи кои не траат многу долг временски период, но за тоа кратко време се постигнуваат одлични резултати. Еден од тие тренинзи е таканаречениот 10-20-30 тренинг. За што всушност станува збор?

1-10-20-30-trening-koj-odzema-12-minuti-a-rezultatite-se-odlichni-www.kafepauza.mk_

Овој тренинг може да ги опфати сите видови кардио вежби, без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед или веслање. Најнапред која било од овие вежби се прави 30 секунди со умерена брзина, после тоа следува забрзување на темпото во рок од 20 секунди, а додека последните 10 секунди од вежбањето се прават со најголема брзина.

2-10-20-30-trening-koj-odzema-12-minuti-a-rezultatite-se-odlichni-www.kafepauza.mk_

Вежбите во интервал 10-20-30 се повторуваат 5 пати по ред, додека по 5-тата минута се прави пауза од 2 минути, за да го вратите вашиот пулс во нормала. После тоа истиот тренинг се повторува уште еднаш, во траење од 5 минути, па со тоа целиот тренинг одзема 12 минути од вашето време.

За тоа колку е овој тренинг корисен за мажите и жените покажаа многубројни студии, па затоа никако не пропуштајте да го испробате следниот пат кога ќе се одлучите да вежбате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар