Зошто жените постари од 40 години се попривлечни од младите девојки?

Зошто жените постари од 40 години се попривлечни од младите девојки?

„Животот почнува во 40-тата година: Дотогаш само истражуваме.“ – К. Г. Јунг

Се верува дека мажите повеќе сакаат помлади девојки до 35 години. Поради тоа, поголемиот дел од жените губат самодоверба кога ќе наполнат 40 години, бидејќи се чувствуваат непривлечно и старо. Сепак, тоа е далеку од вистината. Жените кои имаат повеќе од 40 години се всушност многу попривлечни од помладите девојки. Прочитајте го говорот на Енди Руни, познат радио и телевизиски сценарист, за да се уверите во тоа и самите…

Зошто жените постари од 40 години се попривлечни од младите девојки?

Колку сум постар толку повеќе ги почитувам жените постари од 40 години. Постојат неколку причини за тоа.

Жената постара од 40 години никогаш нема да ве разбуди среде ноќ за да ве праша: „За што размислуваш моментално?“ Тие едноставно не се заинтересирани за тоа.

Кога жената постара од 40 години не сака да гледа спортски натпревар, таа нема да седи покрај вас и да се жали. Таа ќе се занимава со нешто друго, нешто што сака да го прави. А најчесто тоа е нешто многу поинтересно од самиот натпревар.

Жената постара од 40 години доволно се познава себеси за да знае која е, каква е, што сака и од кого го сака тоа.

Само мал број од жените постари од 40 години ги интересира што мислите вие за нив. Жените постари од 40 години зрачат со гордост.

Тие многу ретко прават сцени во јавност. Но, ако сте заслужиле, нема да се двоумат дали да ве казнат.

Со текот на годините, жените стануваат видовити. На жените постари од 40 години нема потреба да им кажувате што сте направиле, тие веќе знаат.

Жената постара од 40 години изгледа одлично кога ќе стави силен црвен кармин, што не може да се каже за повеќето млади девојки.

Постарите жени се посигурни, поискрени и поотворени. Ако се однесувате како идиоти, тие ќе ви го кажат тоа директно во лице. Со нив никогаш не мора да се прашувате на што сте.

Да, постојат многу причини зошто треба да ги почитуваме жените постари од 40 години. За жал, тоа многу ретко се случува. Секоја прекрасна, интелигентна и привлечна жена постара од 40 години честопати го добива „остатокот“ од нечиј дебел мев во жолти бермуди, кој е подготвен поради 20-годишна келнерка да направи мајмун од себе.

Почитувајте ги вашите сопруги, партнерки, мајки и пријателки кои имаат повеќе од 40 години. Секој ден кажувајте им колку се прекрасни и успешни, бидејќи тие заслужуваат да го чујат тоа.

Прочитајте зошто 40-тите се години во кои вистинскиот живот започнува!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар