Зошто жените „одлепија“ по Кристијан Греј?

Зошто жените „одлепија“ по Кристијан Греј?

Тој е лош, навредлив манипулатор, но сепак секоја жена посакува барем по една нијанса на сиво од згодниот Кристијан Греј. Еве 6 причини поради кои жените страсно го посакуваат овој фиктивен лик.

0-zoshto-zhenite-odlepija-po-kristijan-grej-kafepauza.mk

1. Бегство од здодевната реалност

Љубителите на книгите знаат колку е убаво чувството на потонување во приказната и бегање од секојдневните здодевни работи и момчињата кои нѐ нервираат бидејќи упорно ги оставаат носените чорапи на подот и ги расфрлаат кошулите и вратоврските насекаде низ дома. Фиктивните ликови не се вистински и токму затоа се и најдобри. Не претставуваат вистинска опасност, не можат да ве повредат, изнервираат или изневерат. Не морате да размислувате кога ќе ги видите повторно. Ова момче е секогаш тука за вас и ве чека да му се вратите.

2. Маж кој знае да презема контрола

Повеќето жени цело време ги држат конците во свои раце, што понекогаш знае да биде прилично исцрпувачки. Едноставно сакате вашиот маж да ја преземе контролата и наместо прашањето: „Не знам, ти каде сакаш да одиме?“, само ќе ви каже „Резервирав ресторан вечерва во 9, ќе дојдам по тебе.“ Кристијан Греј е токму оној кој ќе се погрижи, бидејќи сте исцрпени и преморени, едноставно да седнете, да се опуштите и да му дозволите на вашиот партнер да ве нагости.

3. Посесивноста има темна привлечност

Повеќето го критикуваат Кристијан Греј бидејќи е премногу заштитнички настроен кон Анастасија Стил, и дека тоа всушност се граничи со посесивност. Иако секако не сакате вашиот дечко да ви вгради GPS, сепак е слатко и секси да замислите маж кој толку многу се грижи за вас, зарем не? Тоа е исто како со тепачките во клубовите. Ниедна жена не сака да се гледа со насилник, но самата идеја дека вашиот дечко, само поради тоа што некој друг ве погледнал, е спремен да се степа, ве доведува до инстинктивната реакција веднаш да го повлечете и да го однесете во кревет.

4. Табуто е секси

Денес, кога сѐ е рутина и стереотипи, па дури и сексот, секако дека ви е привлечна можноста да испробате нешто ново и да го истражите непознатото во една табу област како што е сексот. Може ќе ви изгледа бесмислено жените да фантазираат за тоа да бидат подредени во садо-мазо врски, во кои мажите им кажуваат што треба да прават, но самиот влез во црвената соба и идејата да му „слугувате“ на Кристијан Греј… ух, сигурно ве возбудува до лудило.

5. Треба нешто да се поправи?

Жените сакаат да ги поправаат работите. Тоа им е во природата. Ако видат возрасен човек кој е совршен, но психики скршен, веднаш им се пали сијаличката да му помогнат и да му ги залечат раните. Па тоа и нѐ возбудува кај доминантниот фиктивен лик со мрачна тајна која неминовно се одразува на неговите емотивно-сексуални врски. Единствената работа која е посекси од милијардер со доминантни карактеристики е милијардер кој е ранлив и ја чека вашата утеха и помош. Кристијан Греј е двете.

6. Ах, тие стереотипи

Дечко успева да усреќи просечна девојка од средната класа. Тој во неа гледа нешто повеќе од просечност, а таа го чува божествениот дечко од самиот себе и од своите внатрешни демони. На сето тоа додајте ја сексуалната привлечност, скријте го конечниот исход до самиот крај – и ете, сте напишале бестселер.

Авторката на „50 нијанси на сиво“ Е. Л. Џејмс признала дека книгата ја напишала инспирирана од „Twilight“ бидејќи била голем фан. Всушност Кристијан Греј го замислувала како попривлечна верзија на Едвард Кулен.

Ги обожаваме трагичните доминантни ликови од овие книги и филмови бидејќи ги обожаваме нивните варијации во карактерот. Знаеме дека не можеме сосема да им помогнеме, но сепак секогаш се враќаме по уште.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар