Зошто всушност ве печат очите откако ќе излезете од базен?
Го знаете она чувство кога излегувате од базен и ве печат очите, а вие мислите дека тоа е поради големата количина на хлор во водата? За тоа чувство не е виновен хлорот, барем не директно. Експертите од американскиот Центар за контрола на болести објаснуваат дека станува збор за урината.
„Хлорот се поврзува со сите бактерии од нашето тело и се обидува да ги убие, а тогаш настанува иритирачка хемиска реакција. Поради тоа ве печат очите. Тоа е хлор кој се поврзува со урината и потта“, објаснува др. Мајкл Џ. Бич.
Слично е и со кашлицата која некои луѓе ја имаат при капење во затворени базени, што е всушност физичка реакција на иритацијата од хлорот во вашите бели дробови, кој ја убива урината.
Ако мислите дека во вашиот базен капењето е сигурно затоа што водата би добила сина боја ако некој уринира, тоа не е точно. Таквата боја всушност не постои, а тоа е мит во кој веруваме благодарение на бројните филмови. Според едно истражување, дури 52% од луѓето веруваат дека таква боја во базените постои и дека ја има во многу од нив.
Имено, иако таквата боја може лесно да се направи, поголем проблем би билo таа да реагира само на органските соединенија присутни во урината, затоа што во спротивно ќе реагира и на разните соединенија кои се наоѓаат во водата.