Зошто утрешниот датум е толку посебен?

Зошто утрешниот датум е толку посебен?

Овој датум е последниот во наредниве 90 години кој содржи три последователни броеви. Покрај за математичарите, тоа е причина за веселење и на нумеролозите и другите обожаватели на броеви.

Зошто утрешниот датум е толку посебен?

Утре е 11.12.13 година, па токму на овој ден илјадници луѓе ја закажаа својата свадба, а пензионираниот професор од Калифорнија, Рон Гордон, повторно доделува награда за оној кој најоригинално ќе го прослави овој ден. Наградата изнесува 1.112,13 американски долари, а за тоа кој ќе ја добие ќе одлучи тој со својата сопруга Линда.

„Ваква последователна низа нема повторно да се случи во овој век, правејќи го датумот еден вид календарска комета. Го направивме ова натпреварување за да ги заинтересираме луѓето за правилноста на броевите. Досега мал број луѓе се има пријавено, па секој следен пријавен е потенцијален добитник на наградата“ – вели Гордон.

Рон и Линда направиле веб-сајт на кој нудат идеи, поттикнувајќи ги луѓето да напишат песна, да раскажат некоја приказна, да организираат дружба или фестивал.

Зошто утрешниот датум е толку посебен?

Вообичаено е ваквите датуми да ги привлекуваат луѓето да направат свадба на овој ден. Според една анкета поставена на веб-сајтот „David’s Bridal“, оваа година ќе се венчаат повеќе од 3.000 парови на 11.12.13 година.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар